Српско-бугарска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга
с Правописна исправка, replaced: Австро-Унгарија → Австроунгарија (3)
Ред 24:
Со септемврискиот револт т.е. превратот во Пловдив на 6 септември 1885 г. и со манифестот на бугарскиот кнез [[Александар I Батенберг]] (8 септември 1885 г.), со кој се прогласил за кнез на Бугарија и Источна Румелија, била извршена и формално нивната унификација. Ова обединување на Источна Румелија со кнежевството Бугарија било непријателски дочекано од страна на балканските држави, кои во тоа гледале опасност за балканската политичка рамнотежа, бидејќи со овој чин Бугарија станала скоро двојно поголема држава.
 
Соединувањето посебно ја вознемирило српската влада и кралот Милан, кој изјавил дека ова нарушување на политичка рамнотежа на Балканот, посебно е на штета на Србија и дека Србија со сите сили треба да застане во одбрана на таа рамнотежа. Исто така, грчката влада побарала во замена за проширувањето на Бугарија, како компензација да и’ биде отстапен дел од Македонија, над кој Грција претендирала. Во Грција била извршена мобилизација и грчката влада се заканувала дека ако западните сили и Русија го признаат обединувањето, Грција ќе навлезе со војска во Македонија на територијата на Труција, бидејќи немала заедничка граница со Бугарија за од неа да побара компензација. Романија од своја страна планирала да ја искористи оваа сложена ситуација за Бугарија, за да се присвои Јужна Добруџа. Меѓутоа, романските планови не наишле на одобрување од страна на Австро-УнгаријаАвстроунгарија и Германија, а Русија пак од своја страна натрупувала војска на границата со Романија во случај на заострување на кризата. Поради сето тоа Романија изјавила дека ќе остане неутрална во однос на обединувањето на Румелија со кнежевството.
 
Поради сложеноста на ситуацијата на Балканот, големите сили на 24 октомври 1885 г. свикале конференција во Цариград. Српскиот крал и претседателот на владата Гарашанин се надевале дека на оваа Конференција ќе го поништи бугарското обединување и ќе ја врати ситуацијата на status quo ante. Откако конференцијата не донела никакво решение и пропаднал дипломатскиот притисок над Бугарија, Србија решила да премине кон воената опција, а за вооружување и снабдување Србија добила паричен заем од Австро-УнгаријаАвстроунгарија.
 
== Објава на војна ==
Ред 75:
По потпишувањето на примирјето, во Букурешт на 23 јануари 1886 г. започнале преговорите со посредство на големите европски сили за потпишување на конечен мир помеѓу Србија и Бугарија. Бугарија била принудена паралелно со преговорите со Србија да води преговори за спогодба и со Турција за прашањето на Источна Румелија. Според спогодбата со Турција од 20 јануари 1886 г., управувањето над Источна Румелија му се поверувало на бугарскиот кнез во рок од 5 години, по кој рок ако кнезот ги исполнувал своите обрски правилно, ќе биде повторно назначен од страна на султанот, потоа т.н. непокорни села на Родопите и муслиманските села во Крџалиската област се присоединувале кон Турција и била договорена взаемна помош помеѓу Турција и Бугарија во случај на напад од трета страна.
 
На преговорите во Букурешт, Бугарија била принудена да се откаже од воена оштета и од меѓународно признание на соединувањето на Источна Румелија кон Кнежевството. Бугарија, под притисок на Австро-УнгаријаАвстроунгарија, Германија, Турција и Италија, се согласила на мир со Србија без никакви територијални отстапки или парична оштета од српска страна. Мировниот договор бил потпишан на 19 декември 1886 г. и содржел само еден член според кој од денот на потпишувањето на договорот се воспоставува состојба на мир помеѓу двете завојувани страни и се враќа предвоената состојба. Веднаш по потпишувањето на овој мир, Србија и Бугарија започнале со демобилизација на своите армии.
 
== Последици ==