Разлика помеѓу преработките на „Мечување“

Одземени 5 бајти ,  пред 1 година
с
Правописна исправка, replaced: Австро-Унгарија → Австроунгарија
Ознака: Изворно уредување 2017
с (Правописна исправка, replaced: Австро-Унгарија → Австроунгарија)
'''Мечување''' е боречка вештина во која два противника се борат со ладно оружје, кое го држат во рака и се обидуваат да го прободат (боцнат) противникот. На почетокот мечувањето било борбен систем, а не спорт. Во Европа постоела богата традиција на настава и нејзина апсорпција, за што сведочат десетици учебници по мечување, од кои најстарите се од 13 век. Освен целосно сочуваните книги за мечување, сочувани се и разни дела, слики и документи, за односот на средновековниот и ренесансен човек кон мечувањето.
 
Во 18/19век мечувањето станува вид спорт, кој е најприсутен и најбрзо се развива во Франција, Италија, Австро-УнгаријаАвстроунгарија и Германија. Почетоците на официјалните меѓународни турнири во Европа се кон крајот на 19 век. Во 1896 година мечувањето е вклучено во програмата на Првите олимписки игри, чест која е укажана само на уште три спортски дисциплини.
 
==Дисциплини во мечувањето==
Борбата ја води судија кој проценува кој мечувалец имал предност во напади или кој правилно го извел нападот и во случај на обостран важечки погодок, тој одлучува кому ќе даде поен.
 
'''Меч''' е најмасовно од трите оружја, а кај борбите со меч важечка површина за поен е целото тело на противникот и поен се добива со убод. Кај борбите со меч не постои истото правило како кај борбите со флорет и сабја односно во случај на обостран погодок, двајцата натпреварувачи добиваат поен.
 
'''Сабја''' е оружје со кое во борбите поен се добива со убод и сечење. Кај борбите со сабја важечка површина за поен е горниот дел од телото на противникот и важат истите правила за предност во напади како кај борбите со флорет.
Мечувањето се одвива на патека широка од 1,5 до 2 метри и должина до 14 метри. Противниците користат оружје со пропишани карактеристики и пропишана заштитна опрема за целото тело. Целта, во зависност од видот на оружјето, е да се боцне противникот, но само во строго одреден дел од телото. Автоматски електричните системи регистрираат поени, а правилното изведување го оценуваат судиите. Победник е мечувалецот кој прв ќе собере одреден број поени.
 
Натпреварите можат да бидат индивидуални или тимски.
 
Кај индивидуалните натпревари, во првиот круг натпреварувачите се делат во групи од по 5, 6 или 7 мечувалци и мечуваат секој против секого до 5 туша. Времетраењето на борбата е 3 минути.
 
Во вториот круг секој натпреварувач мечува против друг, кој го поминал првиот круг и тоа до 15 туша, а времетраењето на борбата е 9 минути.
 
Кај тимските натпревари, тимот е составен од 4 лица, од кои еден е резерва и може да влезе на местото на било кој друг од својот тим по определен редослед. Се мечува до 45 туша, на принцип секој против секого, т.е. се играат 9 борби.
 
{{Спорт-никулец}}
 
[[Категорија:Мечување]]