Разлика помеѓу преработките на „Македонија и Берлинскиот конгрес“

с
→‎top: Правописна исправка, replaced: Австро-Унгарија → Австроунгарија (2)
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: се до → сè до (4))
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: Австро-Унгарија → Австроунгарија (2))
 
Како што се гледа, огромен дел од етничка и географска Македонија влезе во новоформираното бугарско кнежевство. Руските војски требаше да останат во новата држава за да помогнат во утврдувањето на новосоздадената власт. Австроунгарската монархија и Русија, според договорот, ја обезбедуваа автономијата на Босна и Херцеговина.
 
Мирот склучен во малото гратче Сан Стефано кај Цариград, предизвика јавно незадоволство кај Англичаните, Австро-УнгаријаАвстроунгарија, Германија, Србија и Грција. Секој од нив имаше свои причини за незадоволство: големите сили од ширењето на руското влијание преку новосоздадената бугарска држава, а Србија и Грција од соседството на Голема Бугарија, која можеше да ја загрози нивната независност. И не само тоа: во рамките на новокомпонираната држава влегоа големи парчиња од нивна територија. Русија беше принудена да се согласи да се ревидираат одредбите на Санстефанскиот договор.
 
Во меѓувреме, Цариградската патријаршија, силно оружје на грчката влада, преку сите свои канали, организирала протести, декларации, писма и телеграми, против вклучувањето на Македонија во новата бугарска држава. Барањата, главно, се сведувале на тоа Македонија или да биде приклучена кон грчкото кралство или, во најмала рака, да остане во состав на веќе начнатата Турска империја. Нешто слично се случувало и во Белград. Започнала акција ширум Србија, чија цел била организирање протести против вклучувањето на дел од Србија и Македонија во новото соседно кнежевство. Србија, сепак, одела малку понапред: ако не се вклучи Македонија во рамките на српската држава, тогаш таа треба да добие автономна управа со христијански губернатор.
И додека траела оваа потегни-повлечи ситуација околу Македонија, во мај месец во Белград допатувал [[Димитар Робев]], дотогашен пратеник во турскиот парламент од Македонија. Тој ги осудил акциите на соседните земји да ја приграбат за себе македонската територија, притоа искажувајќи го мислењето дека жнајдобро решение е Македонија да остане независна и дека дури и самиот руски пратеник во Цариград, грофот Игнатиев, наводно, му рекол оти „Македонија не може да му припадне на ниеден од трите главни народи на Балканскиот Полуостров“.
 
Русија, осиромашена од војната, се согласила во Берлин да се организира конгрес на кој ќе се ревидира Санстефанскиот договор. Цел месец (од 13 јуни до 13 јули 1878 година) траело надмудрувањето во Берлин меѓу големите. Основните одлуки на Конгресот се свеле на тоа Македонија и понатаму да остане под турска власт, новоформираната бугарска држава да се протега од Дунав до Стара Планина, а јужно од неа автономната област Источна Румелија. Австро-УнгаријаАвстроунгарија ја окупирала Босна и Херцеговина, а Црна Гора и Србија со проширени територии, сосема се ослободиле од турската власт.
 
Санстефанската фикција - Голема Бугарија, која никогаш не се реализирала, останувајќи мртво слово на хартија, иако жживеелаж само три месеци, сепак, подоцна ќе биде главен поттикнувач на големобугарските амбиции и сериозен фактор за нестабилноста на Балканот.