Балкански војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Австро-Унгарија → Австроунгарија (5)
Ред 44:
Со овој договор, поточно [[воена конвенција]] од [[2 јуни]] [[1912]] година, било предвидено во случај на офанзивна војна против Турција, [[Србија]] и [[Бугарија]], да удрат на противникот со 150, односно 200.000 војници, од кои најмалку 100.000 ќе упатат на Вардарското боиште.
 
Со воената конвенција, било предвидено Србија и Бугарија во случај на офанзивна војна против Турција, да дејствуваат со доволно сили: Бугарија со војска што не може да биде помала од 200.000, а Србија со најмалку од 150.000 војници. Со четвртиот член на воената конвенција двете страни се обврзале, доколку по претходна спогодба ја нападнат Турција, од својата војска да одвојат најмалку 100.000 луѓе и да ги упатат на Вардарското боиште, ако поинаку не биде утврдено со специјален договор. Во случај [[Австро-УнгаријаАвстроунгарија]] да ја нападне Србија, Бугарија се обврзувала да ѝ помогне на Србија со најмалку 200.000 војници. Ако Романија или Турција ја нападнат Бугарија, Србија се обврзала дека ќе ѝ помогне со најмалку 100.000 војници. Ако Турција ја нападне Србија, Бугарија би упатила најмалку 100.000 војници на Вардарското боиште, а ако ја нападне Романија, Бугарија ќе ѝ даде помош на Србија. Ако и Србија и Бугарија ја нападнат Турција, двете биле должни да упатат по 100.000 војници на Вардарското боиште, но, ако ја нападне само една без претходен договор, другата била обврзана само на пријателска неутралност.
 
Врз основа на воената конвенција, истиот ден, т.е. на 2 јуни 1912 година била потпишана [[Спогодба за воените планови|Спогодбата за воените планови]], правците на дејствувањето и операциите против Турција. Поради некои несогласувања во оценката на значењето на Вардарското и на [[Маричко боиште|Маричкото боиште]] во септември 1912 година била потпишана спогодба со која биле ''намалени обврските на бугарската војска кон Вардарското боиште''.
Ред 53:
Бугарско-грчките преговори започнале, исто така, во [[1911]] година и биле набрзо прекинати поради спорот околу поделбата на [[Македонија]]. На иницијатива на грчката влада преговорите биле обновени во март, а [[Бугарско-грчки сојузнички договор|договорот]] бил склучен во мај 1912 година. Тој бил ''одбранбен сојуз за меѓусебни помагања и заеднички настапувања'' спрема Турција и големите сили. Покрај договорот Грција и Бугарија потпишале и [[Декларација кон Бугарско-грчкиот сојузнички договор|декларација]] со која се предвидувала ''[[неутралност]] на Бугарија спрема Грција ако таа, поради [[Крит]], се најде во воена состојба со Турција''. [[Воена конвенција меѓу Бугарија и Грција|Воената конвенција]] што ја потпишале истата година предвидувала заедничко ангажирање на воени сили на [[Вардарско боиште|Вардарското]] и на [[Маричко боиште|Маричкото боиште]]: ''Бугарија да ангажира најмалку 300.000, а Грција најмалку 120.000 војници. Грчката флота имала задача да го спречи сообраќајот во [[Егејско Море|Егејското Море]] меѓу [[Мала Азија]] и европскиот дел на Турција''.
 
Бугарската војска била претежно насочена кон Маричкото војувалиште, односно во [[Тракија]]. Царот Фердинанд жестоко се спротивставувал да го потпише членот 2 од Договорот, односно членот 3 од Воената конвенција што биле насочени против [[Австро-УнгаријаАвстроунгарија]], но под притисок на руската влада и од кабинетот на [[Иван Гешов]], царот го потпишал Договорот. Два месеца по потпишувањето на Договорот, при своите посети на [[Берлин]] и на [[Виена]], Фердинанд ја застапувал тезата дека Бугарија не може да се откаже од своите претензии за обединување со [[Македонија]] и со [[Тракија]], но дека, во последен момент, откако ќе биде создадена голема Бугарија ќе се пресмета со Србија и ќе му пристапи на [[Балканскиот сојуз]].
 
== Предвоена пропаганда ==
Ред 75:
 
=== Големите сили во Букурешт ===
Во меѓувреме и турската војска ја поминала бугарската граница. Царот Фердинанд не сакал директни преговори со Србија и со Грција, чекал помош од големите сили, а во Софија состојбата станувала сè потешка, дури хаотична. Во таква состојба, царот [[Фрањо Јосиф]] го известил царот Фердинанд дека [[Австро-УнгаријаАвстроунгарија]] нема да дозволи иднината на Бугарија да зависи од воената среќа, а неговата влада предложила колективен демарш од големите сили до Белград и Атина за завршување на војната.
 
Во исто време, Австро-УнгаријаАвстроунгарија барала големите сили да извршат поделба на територијата на Македонија меѓу балканските земји и да ги присилат таа поделба да ја прифатат. Англија го прифатила овој предлог под два услова: да се воспостави заедничка граница меѓу Србија и Грција, и Бугарија да добие излез на Егејското Море. Германија сметала дека е најдобро претставниците на завојуваните страни да се состанат во Букурешт и во присуство на претставници на големите сили да склучат мир. Русија ги прифатила предлозите и веднаш барала од бугарската влада да испрати свој претставник во Ниш, кој ќе се сретне со Пашиќ и со Венизелос и да го потпише прелиминарниот договор. Бугарската влада го прифатила овој предлог и на 20 јули 1913 година ги испратила во Ниш генералот Паприков и д-р Иванчев, а со нив допатувал и рускиот воен аташе во Софија, полковник Романовски.
 
Меѓутоа, Србија и Грција не сакале да ги прекинуваат непријателствата додека Бугарија не потпише мир, а не прелиминарно примирје. Потоа, Бугарија морала да даде гаранции дека нема да ги повторува воените дејства, а на Романија ѝ ја отстапила бараната територија, со што романските воени цели биле исполнети, па дури тогаш претседателот на романската влада Титу Мајореску, ги замолил Пашиќ и Венизелос да ги прекинат воените дејства и да дојдат на преговори во Букурешт.
Ред 83:
=== Исклучување на Турција од мировниот процес ===
[[Податотека:Bolnica kaj Tabanovce 1912.jpg|мини|Болница кај село Табановце, за време на борбите во Куманово, 1912 година.]]
Српските и грчките претставници охрабрени со дотогашните победи барале преговорите да се водат во Ниш и на Бугарија да ѝ ги диктираат условите за мир. [[Романија]], која ја имала улогата на посредник меѓу големите сили и балканските земји, на Србија и го пренела решителниот став на [[Австро-УнгаријаАвстроунгарија]] дека нема да дозволи Србија и Грција да се пробиваат кон Софија, како ни српска офанзива кон [[Видин]] и [[Белоградчик]], бидејќи Видин не може да биде српски, а ако не биде бугарски, тогаш ќе биде романски. Романија ја предупредила Грција дека доколку не се согласи на потпишување на прелиминарниот мир и на мировниот договор во Букурешт, тогаш таа (Романија) ќе стапи во сепаратен договор со Бугарија. Под силен притисок на Романија и на големите сили, Србија и Грција прифатиле да учествуваат на преговорите во Букурешт.
 
На [[25 јули]] [[1913]] година, српската врховна команда наредила да се прекинат сите офанзивни дејства против Бугарите и на достигнатите линии да се утврдат за одбрана. Турција упатила молба да учествува на преговорите во Букурешт. Нејзината молба била одбиена со изговор дека на конференцијата ќе се разгледуваат прашања поврзани исклучиво со поделба на територија меѓу балканските христијански држави, односно за поделбата и асимилацијата на христијанска Македонија, која со векови опстојувала како цела и засебна од соседите, во рамките на [[Османлиско Царство|Османлиското Царство]].