Велес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Втора светска војна: clean up, replaced: .01. → јануари , .04. → април
Промени
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 116:
}}
 
'''Велес''' — [[Градови во Македонија|град]] во [[Македонија]] и центар на [[Општина Велес|истоимената општина]], и претставува главен и административен центар на регионот [[Вардарски регион|Вардар]]. Градот се наоѓа во средишниот дел на [[Македонија]], поточно на бреговите на реката [[Вардар]]. Велес е [[Градови во Македонија|шести град по број на жители]] во Македонија со вкупно население од 43.716 жители (2002 г.). На северозапад од Велес се наоѓа главниот град на Македонија, [[Скопје]] (54 км), на североисток се наоѓа градот [[Свети Николе]] (34 км), на исток се наоѓа градот [[Штип]] (43 км), на југозапад се наоѓа [[Прилеп]] (79 км) и на југоисток се наоѓаат [[Кавадарци]] (43 км) и [[Неготино]] (40 км). Велес има мошне поволна географска положба бидејќи е крстопат на меѓународни патни и железнички правци и еден од поглавните транзитни центри во Македонија.
 
Велес низ историјата се нарекувал со различни имиња, од кои три се најмногу користени. Од самото основање на градот, Велес се нарекувал со името '''[[Билазора|Вилазора]]'''. Подоцна во [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]] градот се преименувал со името '''Ќупурли''', кое подоцна било заменето со денешниот назив. За време на [[СР Македонија]], но и во првите години од самостојноста на државата, Велес се нарекувал со името '''Титов Велес''', во чест на маршалот [[Јосип Броз - Тито]]. Велес како населба постоел уште од 168 година п.н.е. и се наоѓал нешто поисточно од денешната локација. Бидејќи градот има стратешка позиција, тој бил често мета на различни странски инвазии и окупации и бил дел од различни балкански кралства и држави, почнувајќи од [[Пајонија]], па завршувајќи со [[СФРЈ]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Велес