Ѕвездена година: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
[[Податотека:Earth precession.svg|мини|Прецесија на Земјата]]
 
'''Ѕвездена''' или '''сидеричка година''' (365 дена 6 саати 9 минути 9,76 секунди = 365,256363 денови) – време за кое планетата [[Земја (планета)|Земја]] го обиколува [[Сонце]]то со обѕир на системот на далечни ѕвезди. ЅвезеденитеЅвездените години се важни во механиката на движење бнана планетите, додека [[Тропска година|тропската (соларната)]] година е важна за секојдневниот живот. Нивната разлика е предизвиката од [[прецесија]]та на Земјата, вртење обратно од Земјината [[ротација]] со периода од 25.800 години ([[Платонова година]]). На годишно ниво прецесијата изнесува 50,29’’. Заради периодичната промена на положбата на јазлите на патеката на Месечината околу Земјата, се јавува нутација, набори на прецесискиот [[стожец]], со периода од 18,66 години<ref name=HE> '''godina''', [http://enciklopedija.hr/Natuknica.aspx?ID=22472] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2014.</ref> [[Земјина прецесијаЗемјинатапрецесија|Земјината прецесија]] доведува до разлика меѓу Сончевата (тропска) и ѕвездената (сидеричка) година. Ѕвездената година е времето потребно Сонцето на небеската сфера да помине полн агол, или со други зборови, времето на обиколување на Земјата околу Сонцето со обѕир на некој зададен правец во просторот (на пр. во однос на [[пролетна точка|пролетната точка]]). Ѕвездената година е подолга од Сончевата за околу 20 минути.<ref name=HE/>
 
== Сончево и ѕвездено време ==
Ред 13:
 
== Ѕвездено време ==
Показател на ѕвезденото време е пролетната точка. Ѕвезденото време е еднакво на саатниот агол на пролетната точка. Ѕвездениот ден почнува кога пролетната точка е во горна кулминација. Ѕвезденото време е постојано поврзано со саатниот агол и [[ректасцензија]]та на ѕвездата. Ограничено е на периодотопериодот од 0 до 24 часот. Ѕвезденото време тече толку рамномерно колку што Земјата се врти рамномерно. Текот на ѕвезденото време е одредено само со вртењето на Земјата околу ѕвездата. Во текот на времето постојат мали промени. Има три причини за тоа. Еден е ефектот на [[Плима и осека|плимата]]. При движењето на плимните [[бран]]ови доаѓа до [[триење]] меѓу [[море|водените маси]] и дното. Со триењето се губи дел од [[кинетичка енергија|кинетичката енергија]] на вртење, па се успорува. Појавата се отчитува на вековни периоди. Потоа, постојат сезонски промени на брзината на вртење бидејќи зависно од [[годишно време|годишното време]] се менуваат јачините и правците на [[ветар|ветровите]] и [[морска струја|морските струи]]. Заради тоа вртењето се успорува или забрзува во текот на годината, во зависност од тоа дали струењета му помагаат или одмагаат на Земјиното вртење. Третата причина се крие во движењето на [[Земјино јадро|Земјината внатрешност]] и во физичкиот простор на Земјината околина.
 
Сончевиот ден е одреден не само со Земјиното вртење околу сопствената оска, туку и со [[Земјина орбитаЗемјинатаорбита|Земјината годишна патека]] околу Сонцето. Притоа Земјата прави еден круг повеќе околу својата оска, во однос на пролетната точка (или ѕвезда) отколку во однос на Сонцето. Обиколувањето околу Сонцето прави еден додатен круг на Земјата спрема системот ѕвезди. Тоа значи дека бројот на ѕвездени денови во Сончевата (тропска) година ќе биде за еден поголем од бројот на Сончеви денови во Сончевата година:
 
:'''(''T'' + 1) ѕвезден ден = ''T'' Сончев ден'''
Ред 29:
Сонцето не се движи со рамномерна брзина по еклиптиката, а еклиптиката не се совпаѓа со небескиот екватор. Сонцето не се движи рамномерно по еклиптиката бидејќи неговото привидно движење само го одразува правото движење на Земјата околу Сонцето. Земјата се движи со променлива брзина по еклиптичната патека. Затоа Сонцето не поминува секој ден еднакви агли по еклиптиката. Сонцето исто така ја менува својата аголна оддалеченост од небескиот екватор. Тоа значи дека тоа освен движењето напоредно со небескиот екватор прави и движење во правец нормален на екваторот. Дневните поместувања на север или на југ од небескиот екватор се најголеми во време на [[рамноденица]]та, а во време на сонцестојот Сонцето се движи напоредно со небескиот екватор. На пример, ден после почетокот на пролетта, Сонцето ќе се најде нешто посеверно од небескиот екватор. Дневните поместувања на север или на југ од небескиот екватор, а во време на сонцестојот Сонцето се движи напоредно со небескиот екватор. Тоа значи, и кога Сонцето би се движело рамномерно по еклиптиката, неговата проекција на небескиот екватор не би се движела рамномерно.
 
Затоа правите Сончеви денови не траат еднакво. Средниот Сончев ден (или едноставно ден) е просек на сите прави Сончеви денови во текот на тропската година. Денес траењето на средниот Сончев ден се следи со помош на атомски часовници. Во 1967 година било договорено наместо секунда одредена со движењето на Земјата, како единица за време да се користи атомска секунасекунда или секунда одредена со [[атомски часовник]]. Таа секунда е поврзана со траењето на тропската година во 1900 година. Секунда се смета разделот на времето кој бил 31 556 925.9747 пати содржан во таа тропска година. Бидејќи должината на денот и тропската година се менуваат со време, заради усогласување на времето на денот со календарот, во календарскиот ден се уфрла додатна (прекубројна) секунда.
 
== Равенка на времето ==
Ред 39:
Бидејќи секое време, и ѕвезденото и Сончевото, се мери со саатниот агол (во однос на меридијанот на посматрачот), тоа е со локален (месен) карактер. Секоја [[географска должина]] има свое време. Ако кај нас е пладне, западно од нас ќе биде сè уште утро, а источно од нас ќе биде попладне. Секои 15° географска должина носи разлика во месното време од 1 час. Затоа на некоја географска должина λ, средното Сончево време е еднакво:
 
'''Тм = УТ ± λ'''
 
Кај источните географски должини предзнакот е позитивен, кај западните негативен. Светското или универзално време УВ ({{lang-en|Universal Time}}) е средното Сончево време на нултиот [[меридијан]] или [[гринички меридијан]]. Географската должина λ треба да се изрази во временски единици користејќи ги следните односи: