Разлика помеѓу преработките на „Храм на Христос Спасителот“

с
Јазична исправка, replaced: Официјален веб-сајт → Официјално мрежно место
с
с (Јазична исправка, replaced: Официјален веб-сајт → Официјално мрежно место)
Кога последниот војник на [[Наполеон|наполеонската војска]] ја напуштил [[Москва]], царот [[Александар I]] потпишал Манифест на [[25 декември]] [[1812]] преку кој јасно ја искажал неговата намера за градење на Катедрала во чест на Христос Спасителот која би ја означила нивната благодарност кон Бога за спасувањето на [[Русија]] од „непријателот кој ја затемни“ и која истовремено би служела како меморијален споменик на жртвите на рускиот народ.
 
Првиот архитектонски проект за катедралата бил завршен од самиот Цар во [[1817]], изведен во неокласичен дизајн исполнет со [[Слободно Ѕидарство|масонски]] симболи. Првите градежнички работи биле започнати на највисоката точка на Москва, која многу скоро се покажала како несигурна. Во меѓувреме, Александар I бил наследен од неговиот брат [[Николај I]], кој бил голем патриот и православен верник и кому масонските и неокласични елементи не му се допаѓале.
 
Поради тоа, тој го анагажирал својот најомилен архитект [[Константин Тон]] да направи нов дизајн на катедралата, но овој пат по примерот на [[Света Софија]] од [[Истанбул]], тогашен Константинопол. Новиот неовизантиски стил бил одобрен, и во [[1839]] започнала изградбата на конаците и Црквата на новоизбрана локација.
== Рушење ==
[[Податотека:Christ saviour explosion.jpg|thumb|right|1931 - рушење.]]
По [[Октомвриска Револуција|Октомвриската Револуција]] во Русија во [[1917]] местото на кое се наоѓа катедралата било избрано од страна на Советите како многу погодна локација за изградба на споменик на социјализмот познат како [[Палата на Советите]]. Споменикот бил замислен да биде изграден во модернистички стил кој би служел како поддршка на огромната статуа на [[Владимир Илич Ленин]]. Поради тоа, на [[5 декември]] [[1931]] година, по наредба на [[Каганович]], катедралата била разурната со динамит.
 
Изградбата на Палатата на Советите била попречена и запрена поради недостиг на финансиски средства, како и честите поплави од реката Москва која се наоѓа во близина и ближењето на војната. Поплавената основа останала во таа состојба сè до времето на Никита Хрушчов, кога била пренаменета во јавен базен.
 
== Новата црква ==
== Надворешни врски ==
{{Commons|Cathedral of Christ the Saviour}}
* [http://www.xxc.ru/english/index.htm ОфицијаленОфицијално мрежно место веб-сајт, со целосни детали на историјата на изградбата и реизградбата.]
* [http://maps.google.com/maps?q=moscow&ll=55.744983,37.606276&spn=0.008165,0.011952&t=k&hl=en Сателитска слика од Гугл мапи]
* [http://www.byzantines.net/epiphany/christsavior.htm Катедралата на Исус Христос Спасителот во Москва: руска алегорија]
[[Категорија:Цркви од 19 век]]
[[Категорија:Цркви од 20 век]]
[[Категорија:Цркви од 19 век]]
[[Категорија:Православни храмови]]