Музеј на современата уметност (Скопје): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Нема опис на уредувањето
Ред 32:
== Историја ==
Идејата за формирање на ваков музеј возникнала по [[Скопски земјотрес 1963|земјотресот во 1963]] и големиот број на пристигнати уметнички дела, како солидарност од страна на меѓународните организации, музеи и поединци. Со цел да се сместат овие подароци, на 11 февруари 1964 година е донесена одлука за основање на Музејот на современа уметност. Бројот на дарувања и подароци се зголемил во последните неколку години, а во периодот од 1966 до 1970 г. бил изнајмен галериски простор за одржување на изложби. Поради зголемените потреби, во 1969 г., започнала изградбата на новата музејска зграда, којашто била свечено отворена на 13 ноември 1970 година.<ref>[http://www.msuskopje.org.mk/msu.php?mode=nav&mid=7&id=11 Историја], официјално мрежно место на Музејот на современата уметност.</ref>
 
Еден од главните негови основачи бил истакнатиот македонски [[историчар на уметноста]], [[ликовен критичар]], [[професор]] [[Борис Петковски]] кој од 1964 до 1976 бил и прв негов директор.
 
Под негово раководство, концепт, залагање, ентузијазам - Музејот на современа уметност, се здобил со богата колекција експонати од огромна важност, била изградена новата музејска зграда, а реализирани биле и над 250 значајни меѓународни изложби.
 
== Архитектура ==