Веганство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Doni12345 (разговор | придонеси)
#WPWPMK
Doni12345 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
 
[[Податотека:Vegani.png|десно|оквир|Лого на првото веганско здружение во светот регистрирано во 1944 година во УК ]]
'''Веганството''' е начин на исхрана која одбегнува било каква грубост над [[животни]]те, нивно искористување или искористување на нивните производи за [[храна]], [[облека]] и друга намена. Веганската исхрана се заснова врз [[житарици]], [[мешунки]], [[овошје]] и [[зеленчук]]. Веганите не јадат [[месо]], [[риба]], [[морски плодови]], [[јајца]], [[млеко]], млечни производи, [[мед]] ниту пак носат работи од [[крзно]], [[волна]], [[коски]], [[кожа]], [[корали]], [[бисери]] и било какви други материјали од животинско потекло. Многу вегани исто така избегнуваат производи тестирани врз животни. За разлика од [[Вегетаријанство|вегетаријанците]] чија исхрана е без убивање, веганската исхрана не само што е без убивање, туку е и без искористување на животните. Веганството се разликува од вегетаријанството бидејќи е сведено во потполност на растителна исхрана.
Зборот ''веганец'' настанал во [[1940]] како скратеница од зборот ''вегетаријанец'', во вегетаријанско друштво во [[Англија]], кои на тој начин сакале да ги разликуваат оние членови кои во потполност ги отфрлаат производите од животинско потекло.