Агрегатна побарувачка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
 
== Рестриктивна монетарна политика ==
Промените во [[Понуда на пари|понудата на пари]] имаат силни импликации врз агрегатната побарувачка, односно зголемената понуда ја зголемува агрегатната побарувачка и обратно. Да претпоставиме дека во економијата постојат инфлаторни тенденции кои се закануваат да прераснат во неконтролирана [[инфлација]]. Во овој случај, [[Централна банка|централната банка]] ќе води рестриктивна [[монетарна политика]] т.е. ќе го намали количеството на пари во оптек со цел да ја намали агрегатната побарувачка (ќе се помести надолу, кон лево) и да ја заузда инфлацијата. Како резултат на тоа, макроекономската рамнотежа ќе се воспостави на пониско рамниште, при пониско општо ниво на цени и понизок реален производ во економијата. Што всушност се случило? Високата инфлација ја принудила владата да води рестриктивна монетарна политика односно да ја намали понудата на пари, а со тоа се покачува каматната стапка како цена на парите што се позајмуваат - оваа политика се нарекува политика на скапи пари. Поради зголемените каматни стапки, инвестициите во секторот на претпријатијата ќе се дестимулираат, а исто така и позајмувањата ([[Кредит|кредити]]) од страна на домаќинствата. Тоа ќе предизвика пад на [[БДП]] во земјата, а истовремено владата и централната банка го намалила општото ниво на цените, односно ја намалила инфлацијата. Но, цената што морала да се плати за [[стабилизациона политика|стабилизација]] на економијата е губење на дел од реалниот производ.<ref>Фити, ''Основи на економија'' (трето издание), Економски факултет, Скопје.</ref>
 
== Екпанзивна монетарна политика ==