Бик (хороскопски знак): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
шаблон
+
Ред 1:
[[Слика:Taurus2.jpg|200px|right|thumb|Бик]]
{{Астрологија}}
'''Хороскопскиот знак Бик''' ([[Латински јазик|латински]]: '''Taurus''', [[Грчки јазик|грчки]]: '''Ταύρος''') [[Слика:Taurus_symbol.png|20px|Знакот на бикот]] го носат оние кои што се родени помеѓу [[20 април]] и [[20 мај]]. Со овој знак владее планетета [[Венера (астрологија)|Венера]]. Симболот [[Слика:Taurus_symbol.png|20px|Знакот на бикот]] ја претставува главата на бикот или божицата на Земјата што ја држи Месечината.
 
==На патување низ зодијакот==
'''Хороскопскиот знак Бик''' ([[Латински јазик|латински]]: '''Taurus''', [[Грчки јазик|грчки]]: '''Ταύρος''') [[Слика:Taurus_symbol.png|20px|Знакот на бикот]] го носат оние кои што се родени помеѓу [[20 април]] и [[20 мај]]. Со овој знак владее планетета [[Венера]].
На вториот степен, човекот има потреба да го утврди она што го започнал. Се обидува да биде посигурен додека ужива во плодовите од својата работа. Бикот е комбинација од негативен капацитет за примање, [[Фиксни знаци|фиксно]] ограничување, практичноста на [[Земјени знаци|земјата]] и убавината од неговиот владетел [[Венера (астрологија)|Венера]].
 
 
==Мотивација==
Бикот е градител. Ниеден друг знак нема поголемо разбирање за вредноста на основните потреби за живеењето: храна и пиење, кревет за легнување, покрив над главата и редовен приход. Неговите сетилни перцепции се многу силни (мириси, звуци, бои). Има потреба да создава имот, а не се откажува дури и кога е тешко. Неговата издржливост се граничи со тврдоглавост: кога ќе ги вкопа нозете на некоја позиција, не се откажува така лесно, ниту лесно го менува мислењето. Има извонредна меморија, но често е глув за она што не сака да го слуша. Негова парола е: „Јас имам.“
 
==Во работа и интереси==
Биковите имаат специјална дарба за манипулирање со парите, поради што некои се привлечени од професиите банкарство или сметководство. Други пак, се посреќни кога работат во професии поврзани со земјата - земјоделство, градинарство. Биковската креативност е значајна во [[Натална астрологија|наталните карти]] на уметниците од било кој тип: пејачи, музичари, сликари, поети, па дури и готвачи.
 
==Во односи==
Биковите се бавни во искажување на нивните чувства, кои се долготрајни и длабоки. Знаат да создадат долготрајни пријателства и љубовни врски, и нерадо ја напуштаат врската, дури и кога е неуспешна. Не сакаат да бидат сами. Подароците ги ценат како физички израз на љубовта.
 
==Домашен живот==
Посета на домот на Бикот е пријатно чувство: атмосферата е лежерна, декорот е пријатен, храната извонредна, а биковското уживање во едноставните нешта е заразно. Машкото Бик сака имот на село, а жената Бик го сфаќа мајчинството како природно исполнување. Но, треба да бидете подготвени да слушате за деталите поврзани со децата или за ценкањето на пазар.
 
==Зборови кои го опишуваат Бикот==
Важи и за двата пола: решителен, чувствителен, практичен, пријатен, непосреден, доследен, упорен, постојан, трпелив, толерантен.
 
Понекогаш знае да биде: штедлив, здодевен, нефлексибилен, прекумерно посесивен, попустлив кон себе, тврдоглав, нетактичен.
 
==Користена литература==
*Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
*Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
*Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.