Морено Торичели: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 39:
На почетокот на 1990-тите години, Торичели работел како столар во фабрика за мебел во Брианца и играл фудбал само како хоби, но благодарение на пријателскиот натпревар одигран во 1992 година, помеѓу неговиот Каратезе и една од најистакнатите екипи во Италија - {{Fb team (N) Juventus}}, неговиот живот ќе се промени од корен: во пролетта 1992 година тој им се приклучил на ''бјанконерите'' на пробен период, импресионирајќи го позитивно тренерот [[Џовани Трапатони]];<ref name="Baccellini" >{{cite web|author=Matteo Baccellini|url=http://www.gazzetta.it/Calcio/Giovani/30-03-2009/torricelli-in-panchina-50318646193.shtml|title=Torricelli: "In panchina con la grinta da falegname"|date=30 март 2009}}</ref> следното лето тој бил купен за 50 милиони [[Италијански лира|лири]].<ref>{{cite news|author=Fabio Vergnano|url=http://www.archiviolastampa.it/component/option,com_lastampa/task,search/mod,libera/action,viewer/Itemid,3/page,25/articleid,0839_01_1992_0220_0025_25150591/|title=Si chiama Torricelli la Cenerentola del calcio|publisher=La Stampa|date=12 август 1992|page=25}}</ref>
 
Дебитирал во [[Серија А]] на 13 септември 1992 година, во натпреварот на домашен терен против {{Fb team (N) Atalanta}}, кој завршил со победа на ''бјанконерите'' со 4-1. Тој веднаш станал постојан стартер во почетната постава на Јувентус, кои во таа сезона го освоиле [[Куп на УЕФА 1992-1993 | Купот на УЕФА]] совладувајќи ја германската {{Fb team (N) Borussia Dortmund}} во финалето. Во истото тоа натпреварување, Торичели го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, во победата со 6-1 во Торино над кипарскиот [[ФК Анортозис Фамагуста|Анортозис Фамагуста]] во првото коло.
 
Двете најдобри сезони во кариерата на играчот биле [[ФК Јувентус сезона 1994-1995|1994-1995]] и [[ФК Јувентус сезона 1995-1996|1995-1996]]: во текот на овие две сезони тој ги освоил [[Скудето|скудетото]], [[Фудбалски куп на Италија|Купот на Италија]], [[Суперкуп на Италија|Суперкупот на Италија]] и [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]], а последователно успехот во Европа му овозможил да ги освои и [[Интерконтинентален куп|Интерконтиненталниот куп]] и [[Суперкуп на УЕФА|Суперкупот на Европа]]. Во меѓувреме, на 10 септември 1995 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата со 4-0 над {{Fb team (N) Piacenza}}. Неговиот трет и последен гол за Јувентус, го постигнал во победата со 4-0 на гостувањето кај {{Fb team (N) Rangers}} во [[УЕФА Лига на шампиони 1995/96|Лигата на шампионите]].