Обична леска: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ina pet (разговор | придонеси)
#WPWPMK #WPWP
с Додадена категорија
Ред 3:
==Распространетост и морфологија==
[[Податотека:Female flower of hazel.jpg|мини|Женски цвет од леска]]
Обичната леска е [[грмушка]] којашто може да достигне височина од пет до седум метри, а расте во цела [[Европа]] и во [[Северозападна Африка]]. Најчесто расте во влажни, осојни места, но се култивира речиси во сите европски земји. [[Корен|Коренот]]от на леската е плиток, кората е мазна и светлокафеава, пупките се јајцевидни со повеќе лушпи, младите гранчиња се црвенкасто-влакнести. [[Лисја|Лисјата]]та на леската се сместени на кратки дршки, по форма се тркалезни или елипсовидни, а по рабовите се остро, пилесто назабени. Леската цвета пред пролистувањето, во периодот од [[февруари]] до [[април]], а нејзините цветови се во форма на реси. Машките реси се жолти и се формираат во текот на [[лето]]то претходната година, додека женските реси се покриени со лисни лушпи и се одделени од машките. Плодот на леската е во форма на оревче ([[лешник]]) и созрева во [[септември]] и во [[октомври]], а потоа брзо паѓа при што семката што се наоѓа во плодот може да се јаде.<ref name="ReferenceA">Илчо Захариев, „Леска (Corylus avellana)“, ''Штипски Мозаик'', март-април 2017, стр. 19.</ref>
 
==Лековити својства==
Во [[медицина]]та се користат плодот на леската (''Corylus avellana fructus''), младите листови (''Corylus avellana folium'') и кората од стеблото (''Corylus avellana cortex''). Притоа, плодовите се берат кога се зрели, по што се сушат на сонце; листовите се берат кога се млади, а се сушат под сенка и на проветрени места; кората се бере во рана [[пролет]] при што се сече на тенки парчиња (до 10 сантиметри) и потоа се суши. Семките од плодот на леската (лешниците) содржат: 50-60% масла, кои најчесто се состојат од [[Олеинска киселина|олеинска]] и [[линолна киселина]], 14-18% [[белковини]], околу 14% [[скроб]] и околу 2,5% минерали. Хемискиот состав на кората содржи: [[катехински танин]] (5-8%), малку [[смола]], [[етерични масла]], флавониди, деривати на [[мирицетол]] итн. Најпосле, листот содржи [[Танин|танинитанин]]и, [[Флавоноид|флавониди]], [[фолна киселина]] и [[витамин Ц]].<ref>Илчо Захариев, „Леска (Corylus avellana)“, ''Штипски Мозаик'', март-април 2017, стр. 19.<name="ReferenceA"/ref>
 
Лисјата и кората на леската се користат за лекување на воспалени [[вени]] и [[хемороиди]], бидејќи ги стеснуваат [[Крвни садови|крвните садови]], благодарение на танините што ги содржат. Исто така, леската помага и во надворешното лекување на верикозни улцерации во вид на облоги подготвени од кората и лисјето. Младите листови се користат за лекување на [[Чир на желудникот|чир во желудникот]], проливи, хроничен воспалителен процес на [[Дебело црево|дебелото црево]] и други стомачни заболувања. Во народната медицина, листот и кората се употребуваат за лекување на зголемена [[простата]]. Притоа, од листовите и од кората се подготвува [[чај]], а од кората се прави и маст која може да остане стабилна до две години.<ref>Илчо Захариев, „Леска (Corylus avellana)“, ''Штипски Мозаик'', март-април 2017, стр. 19.<name="ReferenceA"/ref>
 
== Наводи ==
Ред 16:
[[Категорија:Брези]]
[[Категорија:Јадливи оревести плодови и семки]]
[[Категорија:Незагрозени видови според МСЗП]]