Љубе Цветановски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: clean up, replaced: .02. → февруари
с →‎Животопис: clean up, replaced: date=04 → date=4
Ред 13:
 
== Животопис ==
Цветановски е роден во [[демирхисарско]]то село [[Слоештица]] во [[1949]] година. Дипломирал на [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот факултет во Скопје]], а магистрирал на Институтот за литература при УКИМ, на тема “Народната култура во документарниот филм”. Бил уредник на рубриката за култура на „[[Студентски збор]]“, новинар во [[Македонско радио|Македонското радио]], како и долгогодишен уредник, а во еден мандат и директор на Македонската телевизија. Во последните четири години од животот бил професор по Документарен филм на [[Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА|Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА]]. Бил член на [[Друштвото на писатели на Македонија]] и на [[Сојуз на новинари на Македонија|Сојузот на новинари на Македонија]]. Автор е на книгите поезија „[[Време е да се биде дома]]”, „[[Наталожен сомнеж]]” и „[[Престапна година]]”, а коавтор е на антологијата на млади македонски поети под наслов „[[Љубов и мајстори]]”. Заедно со својот брат [[Јордан Плевнеш]], коавтор е на сценариото за играниот филм „[[Тајната книга]]”, во режија на неодамна починатиот брат [[Владо Цветановски]]. Во неговата богата телевизиска кариера реализирал педесетина патописи, од исто толку егзотични земји под наслов „[[Патуваме - сонуваме]]”, потписник е на многу сценарија за документарни и музичко-документарни емисии, а се јавува и како автор на десетина играно-документарни филма. За документарниот филм „[[Мојот татко Изет]]”, ја освоил наградата Гранд при на Југословенскиот телевизиски фестивал во [[Неум]]. Во [[2012]] ја објавил книгата „[[Детето во мене]]”, во која се сублимирани неговото творештво и неговата животна одисеја. По кратко биоледување починал во [[Скопје]] на [[4 февруари]] [[2013]] година, каде и почива.<ref>{{наведени вести|url=http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=671A060863795249B8EF86FA5F714304|title=Почина сценаристот и филмаџијата Љубе Цветановски|date=044 февруари 2013, 14:31|publisher=Дневник|language=македонски|accessdate=2013-02-04}}</ref>
 
== Наводи ==