Бетмен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Бетмен: Анимирана серија: clean up, replaced: .}} → }}
с clean up, replaced: .12. → декември (2), . 8. → август , .8. → август
Ред 49:
 
== Екранизација на Бетмен ==
За Бетмен се снимени повеќе телевизиски и филмски приказни. Првото појавување на Бетмен на филмското платно се случило во [[1943]] година во филмот [[Бетмен (филм од 1943)|"Бетмен"]], а насловната улога ја играл [[Луис Вилсон]]. Во овој филм за првпат била создадена и прикажана славната Бет-пештера. Исто така, бидејќи филмот бил снимен за време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], во него биле застапени бројни антијапонски навреди. Во [[1949]] година бил снимен вториот филм за Бетмен под наслов [[Бетмен и Робин (филм од 1949)|"Бетмен и Робин"]], каде главната улога ја играл [[Роберт Ловери]]. Сепак, овој нискобуџетен филм не предизвикал поголемо внимание кај публиката. Подоцна, од [[1966]] до [[1968]] година се прикажувала најпознатата телевизиска серија за Бетмен кого го играл [[Адам Вест]], додека [[Барт Ворд]] го играл ликот на неговиот помошник Робин. Во оваа серија бил прикажан познатиот автомобил на Бетмен - "бетмобил".<ref name="ReferenceA">"Бејл е омилен Бетмен, Клуни - 'убиец' на серијалот", ''Антена'', бр. 792, 30.8. август 2013, стр. 27.</ref>
 
Филмскиот серијал за Бетмен продолжил двата филма во режија на [[Тим Бартон]]: [[Бетмен (филм од 1989)|"Бетмен"]] од (1989) година и "[[Враќањето на Бетмен]]" од [[1992]] година. Во нив, главната улога ја толкувал [[Мајкл Китон]], но и тој и режисерот подоцна се повлекле од серијалот поради несогласувањата со студиото "[[Ворнер брос]]", кое барало идните продолженија да имаат поведар тон. Во [[1995]] година бил снимен филмот "[[Бетмен засекогаш]]", во режија на [[Џоел Шумахер]], а главната улога ја играл [[Вал Килмер]]. Меѓутоа, кавгата меѓу главниот глумец и режисерот била причина Килмер да не биде вклучен во снимањето на следниот филм, под наслов "[[Бетмен и Робин]]" од [[1997]] година, повторно режиран од Шумахер, а овојпат, главната улога му припаднала на [[Џорџ Клуни]]. Според критичарите и гледачите, тоа бил најлошиот филм во серијалот за Бетмен. Во [[2005]] година бил прикажан новиот филм за Бетмен, под наслов "[[Бетмен започнува]]", во режија на [[Кристофер Нолан]], по што истиот режисер ги потпишал и филмовите "[[Мрачниот витез]]" од [[2008]] година и "[[Подемот на мрачниот витез]]" од [[2012]] година. Во сите три филма, улогата на Бетмен ја играл [[Кристијан Бејл]], а трилогијата остварила огромен комерцијален успех.<ref name="ReferenceA"/>
Ред 56:
'''Бетмен: Анимирана серија''' е името на американската анимирана ТВ серија базирана на содржината од стрип компанијата D C суперхерој Бетмен, чии автори се Боб Кејн и Бил Фингер. Серијата наиде на голема популарност кај публиката како најточен приказ на Бетмен и неговиот универзум и како најдобра анимирана серија создавана според стрипот. Креаторите на оваа серија отишле толку далеку, што ја анимирале серијата на црна позадина со нанесување боја на серијата, со цел да изгледа што потемна и целосно успевајќи во тоа.
 
Оригиналните епизоди, продуцирани од Брус Тим и Ерик Радомски, првпат биле емитувани од 1992 до 1995 година. .<ref name="tv.com" /><ref>{{наведени вести|title=A History of Batman on TV|work=IGN|url=http://uk.tv.ign.com/articles/891/891807p7.html|accessdate=15. 8.август 2010}}</ref> Серијата е едноставно наречена „Бетмен: Анимирана серија“ во првата сезона, а потоа го променува името во „Авантурите на Бетмен и Робин“ за помладата публика повеќе да се запознае со ликот на Робин, а за подоцна и да го промовираат новиот филм „Бетмен засекогаш“.
 
Премиерата на серијата беше во 1992 година, неколку месеци по успешната премиера на уште еден филм за Бетмен, „Враќање на Бетмен“.
Ред 69:
==Бетмен како тема во популарната култура==
 
* „Темата на Бетмен“ (''Batman Theme'') - песна на британската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Џем]]“ (''The Jam'') од 1977 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=2edt3GtdQ70 YouTube, The Jam - In the City (Full Album) 1977 (пристапено на 16.12. декември 2017)]</ref>
* „Batman“ - песна на македонската група „[[ПМГ Кoлектив]]“ од 2008 година.<ref>[http://www.pmgrecordings.com/discography.php?id=150&id=29 www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12. декември 2017)]</ref>
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бетмен