Бона Сфорца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Светата Римска Империја → Светото Римско Царство using AWB
с →‎top: clean up, replaced: Август → август (3)
Ред 29:
Бона Сфорца се одликувала со голема убавина и енергија. Уште додека бил жив нејзиниот сопруг, таа започнала да врши големо влијание во управувањето на Полското Кралство успевајќи да се отргне од големите дворјани. Како кралица на Полска Бона Сфорца е позната и со покровителство над ренесансната уметност, која благодарение на неа, започнала да продира во [[Полско-литванска унија|Полско-литванската унија]].
 
По смртта на Сигисмунд I, новиот крал [[Сигисмунд Августавгуст]] бил принуден да се бори против силното влијание на својата мајка. Бона Сфорца имала план преку династическите бракови на своите деца да ја обедини под своја власт речиси цела католичка Европа. Во нејзините планови сепак не бил вклучен вториот брак на Сигисмунд Августавгуст со литванската принцеза [[Барбара Радзвил]]. Поради тоа Бона Сфорца застанала на чело на Католичката опозиција во Полска против бракот на кралот со бидејќи принцезата била калвинистка. Тоа е причината Бона Сфорца да биде осомничена дека учествувала во труењето на Барбара Радзвил, која починала во 1551 година.
 
По проширувањето на конфликтот со нејзиниот син Бона Сфорца започнала да се чувствува несигурна во Полска и посакала да се врати во своите родни имоти во Италија. Плашејќи се дека при заминувањето во [[Италија]], Сигисмунд Августавгуст и забранил да ја напушти земјата. Во [[1556]] година Бона Сфорца успеала да ја напушти Полска откако јавно се одрекла од сопственоста над имотот во кралството. Таа сепак со себе понела 420.000 дукати, кои подоцна ги позајмила на шпанскиот крал, [[Филип II (Шпанија)|Филип II]].
 
Откако ја напуштила Полска, Бона Сфорца заминала во [[Бари]], Италија. Таму таа починала на [[19 ноември]] [[1557]] година. Се смета дека била отруена по налог на шпанскиот крал кој не сакал да и ги врати парите.