Разлика помеѓу преработките на „Кичевија“

Одземени 4 бајти ,  пред 11 месец
с (→‎Стари гробишта: Правописна исправка, replaced: се до → сè до)
Во Кичевијата се распознаваат помалечки покраини кои имаат свои имиња:
 
* ''[[Кичава]] (Кичево)'' — го опфаќа дното на [[Кичевска Котлина|Кичевската Котлина]] од село [[Туин]] до село [[Лисичани]]. Во средината на оваа покраина се наоѓа градот [[Кичево]]. Оваа покраина се дели на два дела: од [[Кичево]], па кон селото Туин се нарекува [[Горно Кичево]] (Горна Кичава); а другиот дел се нарекува [[Долно Кичево]] (Долна Кичава). Во Горно Кичево има и помали предели. Таков предел е [[Зајас]]. Пределот измеѓумеѓу [[Зајас]] и [[Кичево]] се нарекува [[Сатеска]].
* ''[[Копачка]]'' — го опфаќа изворот на реката [[Треска]] со притоките [[Студенчица]] и [[Беличка Река]]. Се дели на два дела: Горна Копачка е во долината на [[Студенчица]] и реката [[Треска]], а Долна Копачка во сливот на Беличка Река.
* ''[[Рабетино]]'' или ''Рабетинкол'' — го опфаќа сливот на [[Рабетинска Река]] и долниот тек на реката [[Треска]], од селата Лисичани и [[Челопеци]], па до селото [[Латово]]. Се дели на два дела: Горно Рабетино (сливот на Рабетинска Река), и Долно Рабетино.