Пауло Дибала: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Палермо: Исправка на датумски формат, replaced: мај, 2 → мај 2
Ред 52:
Својот прв гол во сезоната 2013-2014 во [[Серија Б]] го постигнал на 1 март 2014 година, во победата со 2-1 над Бари и тој се покажал како одлучувачки. На 3 мај [[2014]] година, со победата над [[Новара Калчо|Новара]] на гости со 1-0, Палермо изборил промоција во Серија А - враќање во елитата по само една сезона отсуство. Сезоната ја завршил со 28 првенствени настапи (на кој постигнал 5 гола) и два во италијанскиот куп.
 
Сезоната [[УС Чита Палермо сезона 2014-2015|2014-2015]] ја започнал со гол уште во првото коло од [[Серија А 2014-2015|Серија А]], ремито 1-1 на домашен терен со Сампдорија на 31 август 2014 година. На 2 ноември го изедначенил својот број на постигнати голови во една сезона во Серија А, 3, постигнувајќи гол во победата со 2-0 над [[ФК Милан|Милан]] на [[Сан Сиро]]. На 24 ноември го постигнал својот петти гол за сезоната, во натпреварот Џенова-Палермо 1-1. Шест дена подоцна во победата над [[ФК Парма|Парма]] со 2-1 го постигнал својот шести гол со што го надминал својот личен рекорд за постигнати голови во една сезона од неговото доаѓање во Италија. На 6 декември 2014 година, во натпреварот од 14-тото коло против [[ФК Торино|Торино]] (што завршил 2-2), го постигна својот седми гол во сезоната; точно еден месец подоцна постигнал два гола во победата со 5-0 над [[ФК Калјари Калчо|Каљари]]. На 2 мај, 2015 година, на гостувањето кај [[УС Сасуоло Калчо|Сасуоло]] (0-0) во 34-тото коло од сезоната, за првпат бил капитен на тимот, поради отсуството на [[Едгар Барето]], [[Стефано Сорентино]] и [[Синиша Анѓелковиќ]]. Сезоната ја завршил со 34 настапи во Серија А на кој постигнал 13 гола и 10 асистенции.
 
===Јувентус===