Deep Purple: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{Commons category| → {{рв|
с Исправка на датумски формат, replaced: април, 1 → април 1, септември, 1 → септември 1
Ред 37:
Барајќи вокална замена, на Блекмур му се допадна деветнаесетгодишниот пејач Тери Рид, кој одби слична можност да пее во ново-формираните Лед Цепелин, една година порано. Иако Рид ја сметаше оваа понуда како да му „ласкаат“, сепак беше обврзан да го исполни договорот со неговиот продуцент Мики Мост и беше повеќе заинтересиран за неговата соло-кариера. Блекмур немаше друг избор освен да бара на друго место. Бендот го „улови“ Јан Гилан, од Епизоуд сикс, бенд кој имаше издадено повеќе синглови во Велика Британија, без да достигнат комерцијален успех. Гилан еднаш разговарал со Ник Симпер кога Дип парпл се формирале, но Гилам му рекол дека проектот Roundabout нема да стигне никаде, додека чувсвуваше дека Епизоуд сикс ќе доживее голем успех. Тапанарот на Сикс, Мик Андервуд, - стар пријател на Блекмур од неговите дена во Севиџ – на бендот им ги претстави Гилан и басисот Роџер Гловер. Ова ефективно ги уби Епизоуд сикс и му наби комплекс на вина на Андервуд, што траеше скоро една деценија, додека Гилан го регрутира за неговиот пост-Парпл бенд во доцните седумдесетти. Ова ја создаде поставата Марк 2 на Дип парпл, чиј прв сингл беше „Hallelujah“. И покрај тоа што се појавија на телевизија за да го промовираат синглот во Велика Британија, песната пропадна. Блекмур им имаше речено на Рекорд Мирор дека тие „треба да имаат комерцијален сингл во Британија“, и ја опиша песната како „нешто измеѓу“ – медиумски повеќе отколку што бендот би направил без додаден комерцијален мотив.
 
Бендот стекна многу потревен публицитет во септември, 1969 година, со „Концертот за група и оркестар“, дело во три дела, компонирано од Лорд како соло проект и изведен од бендот во салата Ројал Алберт со Ројалскиот филхармониски оркестар, диригиран од Малколм Арнолд. Заедно со Фајв бриџес од The Nice, тоа беше едно од првите соработки меѓу рок бенд и оркестар. Овој жив албум, „Концерт за група и оркестар“ беше нивниот прв албум кој доживеа успех и достигна на топ-листите во Велика Британија. Меѓутоа, Гилан и Блекмур беа помалку од среќни што бендот беше нарекуван „група што свири со оркестри“ во тоа време; а тие во тоа време сакаа да го одведат бендот во потежок, хард-рок стил. Без оглед на ова, Лорд го напиша Gemini Suite, уште една соработка на оркестар/група во ист стил, за бендот во доцните седумдесетти. Роџер Гловер подоцна изјави дека Џон Лорд беше лидерот на бендот во раните години.
 
== Премин и растурање ==
Ред 68:
== Повторно обединување ==
 
Во април, 1984 година, осум години после распаѓањето на Дип парпл, се случи оригинално (и легално) повторно обединување со „класичната“ постава од раните седумдесетти – Гилан, Лорд, Блекмур, Гловер и Пајс. Реоформираниот бенд потпиша меѓународен договор со Полиграм, со Меркјури рекордс, издавајќи нивни албуми во САД, и Полидор рекордс во Велика Британија и други земји. Албумот „Комплетни странци“ беше снимен во Вермонт и издаден во октомври 1984 година. Солидно издание, се продаде добро (достигна до 5 место во Велика Британија и 17 место на Билборд 200 во САД) и ги содржи сингловите и концертните „химни“ „Knockin’ at Your Back Door“ и „Perfect Strangers“. Потоа следуваше турнеја за повторното обединување, започнувајќи во Австралија, па ширум светот до Северна Америка, потоа во Европа во наредното лето. Финансиски, турнејата имаше исто така огромен успех. Во САД, турнејата во 1985 година ги надмина сите освен таа на Брус Спрингстин. На 22 јуни 1985 година бендот одржа концерт во Небврт (со главна поддршка од Скорпионс; исто така на концертот настапија ЈуЕфОу и Мит Лоуф), каде времето беше лошо (пороен дожд и кал од 6 инчи) пред 80 000 обожаватели.
 
Во 1987 година, поставата Марк 2 го издаде „Куќата на синото светло“, кој беше проследен со светска турнеја (која беше прекината кога Блекмур си го скрши прстот на сцена кога проба да ја фати неговата гитара која ја фрли во воздух) и уште еден албум во живо, „Никој не е совршен“ (1988 година), кој имаше неколку неуспешни настапи, но сепак беше базиран на досега познатата список на песни од „Направено во Јапонија“. Во Велика Британија беше издадена нова верзија од „Hush“ (со Гилан како вокал) за да се одбележи 20-годиншнината од постоењето на бендот. Во 1989 година Гилан беше отпуштен поради неговите повторно заострени односи со Блекмур. Во прво време, бендот сакаше да го регрутира фронтменот на Срвајвр, Џими Џејмисон, како замена за Гилан, но ова пропадна поради компликации со продуцентската куќа на Џејмисон. На крајот, после аудициите на многу високо-рангирани кандидати, меѓу кои Брајан Хау (Вајт спирит, Тед Нуџент, Бед компани), Даг Пиник (Кингс екс), Австралијанците Џими Барнс (Колд шисел) и Џон Фарнам (Литл ривр бенд), Тери Брок (Стрејнџуејс, Џајнт) и Норман „Кал“ Суан (Тајтан, Лајон, Бед мун рајзинг), тие го одбраа Џо Лин Тарнер. Оваа Марк 5 постава, сними само еден албум, „Робови и господари“ (1990 година) и направи турнеја со него. Достигна скромен успех и достигна до 87 место на Билборд топ-листите во САД, но некои обожаватели него го критикуваа како малку повеќе „Дип Рејнбоу“ албум.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Deep_Purple