Драко Мелфој: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: clean up, removed: |month=November
с →‎Први три книги: Исправка на датумски формат, replaced: октомври, 1 → октомври 1
Ред 29:
== Појавувања ==
=== Први три книги ===
Драко Мелфој за првпат се појавува во серијата кога тој и Хари се запознаваат додека тој испробува наметки кај Мадам Малкин. Не препознавајќи го Хари, Драко се обидува да се спријатели со него, но Хари се одвраќа поради арогантноста. Тој го прашува Хари дали неговите родители се „наши“, а потоа вели дека на „другите“ (Нормално родените) не треба да им се дозволува да учат во Хогвортс бидејќи, „не сме од иста сорта, не сме пораснати на ист начин“. Двете момчиња се разделуваат без претставување, но повторно се сретнуваат на [[Хогвортс Експрес]]. Откако Драко го исмејува семејството на [[Рон Визли]], Хари ја одбива неговата понуда за пријателство и нивниот меѓусебен антагонизам се раѓа. Според Роулинг, Мелфој првобитно се потрудува да биде другар на Хари бидејќи „би било кул да се појавиш во училиштето како другар на Хари Потер, бидејќи Хари е доста славен“.<ref>[http://www.accio-quote.org/articles/1999/1099-connectiontransc2.htm#p12 Lydon, Christopher. J.K. Rowling interview transcript, The Connection (WBUR Radio), 12 октомври, 1999]</ref> Сепак, на Хари Потер не му се допаднал Мелфој како другар бидејќи тој „бил толку неучтив кон [[Рубеус Хагрид]] и кон Рон, личности кои Хари многу ги сака“. Едвај допирајќи ја главата на Драко, [[Капата бирачка]] го распределува во Слитерин, каде веднаш станува миленик на професорот по Напивки и главата на домот на Слитерин, [[Северус Снејп]]. Драко се обидува да го исфрли Хари од училиштето имамувајќи го да учествува во полноќен волшебнички двобој, претходно тајно известувајќи го [[Аргус Филч]], но планот пропаѓа кога Хари го избегнува Филч и безбедно се враќа во спалната соба.
 
Во ''[[Хари Потер и Одајата на тајните]]'', Драко станува новиот трагач слитеринскиот квидички тим откако неговиот тако, Луциус Мелфој, донира нови, високо квалитетни [[Метли во Хари Потер#Нимбус 2001|Нимбус 2001]] метли. Кога [[Хермиона Гренџер]] образложува дека грифиндорските играчи влегуваат во тимот поради својот талент, а не со поткуп, Драко и одговара нарекувајќи ја [[калливокрвна]]. Ова поттикнува еден непосреден, насилен одговор од сите присутни Грифиндорци, со исклучок на Хермиона и Хари, кои, се одгледани од Нормални, за значењето на епитетот. Поради презирот на Драко кон Нормално-родените, Хари, Рон и Хермиона се сомневаат дека Драко е наследникот на Слитерин, кој неодамна повторно ја отворил [[Хогвортс#Одаја на тајните|Одајата на тајните]]. Хари и Рон се преправаат во Креб и Гојл со помош на Полисоковната напивка и се вметнуваат во заедничката соба на Слитерин во обид да се здобијат со додатни информации, при што сфаќаат дека првичното сомневање за Драко е погрешно.