Слепченски манастир (Демирхисарско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со тековно име на инфокутијата, replaced: Инфокутија за манастир на Македонската Православна Црква → Инфокутија using AWB
најнови сознанија во науката
Ред 30:
'''Слепченски манастир''' (познат и како '''Манастир Св. Јован Претеча''' и '''Манастир Продром''') се наоѓа на околу 3 км од с. [[Слепче]], [[општина Демир Хисар]].
 
Манастирот “Св. Јован Претеча” e eден од најголемите и добро сочувани манастирски комплекси во областа [[Железник]] и пошироко, кој се наоѓа под падините на планината [[Илинска Планина|Илиница]], над селото [[Слепче (Демирхисарско)|Слепче]]. Се претпоставува дека манастирот е изграден вооколу XIV7 век, сокој директнапрераснал помошво одголем духиовен центар, во [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]]. Благодарение на соработката низ вековите на книжевно и уметничко поле со кратовските манастири и Охридската архиепископија, во Слепчанската школа се создадени врвни уметнички дела од сликарството, резбата и книжевноста, кои се од непроценлива вредност за македонската и за славистичката наука. Поволната географска положба, материјалното богатство, манастирските конаци и помошните згради, овозможувале овде да најдат свое гнездо свештениците, учителите, уметниците и книжевниците. Во манастирот Слепче работело манастирското училиште, чие постоење и успешно работење го потврдуваат летописите, белешките, записите и натписите. Низ нивните редови ги откриваме свештениците, резбарите, сликарите, архитектите и учителите, кои работеле во тоа училиште. Манастирот Св. Јован Претеча прераснал во еден од најзначајните книжевни центри во Македонија со бројно монаштво, активен скрипториум, богата библиотека, во која имало ракописи кои водат потекло од XI и XII век. Книжевната дејност на Слепчанските книжевници добила пошироки размери во XIV и XV век, а во XVI век книжевноста достигнала свој зенит кога во манастирот се преведувале и препишувале Богослужбени книги за црквите во Демирхисарско и Македонија. Во значајните дела од Слепчанската школа спаѓаат: "Слепчанскиот апостол" од XII век, "Слепчанскиот писмовник" од XVI век, кои се пренесени во [[Русија]]. Манастирот Слепче во XVI век претставувал важен резбарско-сликарски центар, кој во науката е забележан како Слепчанско-Прилепска резбарска школа. Меѓу највредните уметнички дела, круна на резбата од тој период се Слепчанската еднокрилна и двокрилна врата, кои во минатото ги краселе влезовите на манастирската црква. Тие денес се наоѓаат во уметничката галерија во Скопје. Денес во црквата се наоѓаат повеќе значајни уметнички предмети, меѓу кои се истакнува Големиот Крст со Распнатиот Христос од 16 век, Царските двери (оштетени од пожарот 1972) како и интересните певници изработени во копаница.
 
Во некои извори се спомнува дека манастирот е изграден во 1010 година, односно пред познатата битка помеѓу македонскиот цар Самоил и грчкиот цар Василиј II, што се одиграла на [[Беласица]] во 1014 година и завршила со трагичното ослепување на самоиловите војници. Ослепената војска, по битката, се задржала во месноста на денешното село Слепче, кое, според овој историски настан, го добило и своето име.
 
Науката претпоставува дека манастирот постоел пред XIV век, потпирајќи го своето мислење врз податокот дека во 1393/34 година, во него е препишан еден триод на црковно-словенски јазик. Но, првпат конкретно манастирот се споменува во 1543 година, во едно писмо на протопопот Лука. Во манастирот се развила препишувачка школа каде се препишувале богослужбени книги на црковно-словенски јазик. Јеромонахот Пахомије го препишал минејот за месец јуни во 1547 година, а истата година јеромонахот Висарион одСлепченски, кој подоцна примил схима со името дебарскоВарлаам вршел препис на “Поученијата на Кирил Јерусалимски” на македонско-словенски јазик. Препишувањето продолжило и во 1546, 1549 и 1553 година. За историјата на манастирот постојат извори што кажуваат дека Косара, ќерката на цар Самоил, му подарила на манастирот имот во [[Елбасан]] - [[Албанија]], а според едно предание, во 1881 година, во манастирските простории бил одржан демирхисарскиот конгрес на кој присуствувале делегати од цела Македонија. Манастирот бил прибежиште на многу македонски револуционери од времето на турското ропство и НОВ. За време на турското ропство, манастирот бил културно-просветен центар каде се подготвувале свештеници и учители на словено-македонски јазик. Историјата го памети манастирот и како центар во кој постоела уметничка резбарска школа, како и болница за нервно болни, што се чита од натписот на манастирската чешма.
 
За време на своето постоење, тој бил трипати пален: во 1675 год, од страна на Албанците кои ги земале сите негови драгоцености, оставајќи ги само кутијата со светите мошти и крстот; во 1954 изгореле трпезаријата и магерницата, а во 1972 година, изгорела десната страна на иконостасот. Денешната манастирска црква е изградена во 1862 година, на местото каде претходно постоела старата голема и живописана црква. Од повеќето сочувани стари уметнички предмети, со својата вредност се истакнуваат “Големиот крст со распнатиот Христос” (XVI век), “Царските двери” и певниците изработени во копаница. Посебно се интересни двете пронајдени врати, изработени во плитка резба со различни фигури и со мотивот плетенка, преставен на начин кој се сретнува во ракописи од XV-XVI век. На црквениот иконостас постои и голем “Чин”, што го изработил монахот Калиник во 1607 година. Од XVI-XVII век потекнува старата живописана трпезарија, како и двете влезни врати, западната живописана во 1637, а јужната во 1638 година.{{никулец за црква}}