Зигмунд Фројд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Психосексуален развој: clean up and re-categorisation per CFD, replaced: индивидуите → единките using AWB
с →‎Почетната работа: Јазична исправка, replaced: оксиген → кислород
Ред 36:
=== Почетната работа ===
 
Фројд започнува со студиите по медицина на Универзитетот во Виена, но му требаат осум години за да ги заврши студиите поради неговиот интерес за истражување од областа на неврологијата, обрнувајки особено внимание на половата анатомија на јагулите и физиологијата на нервниот сѕстем на рибите (како што е претходно наведено). Тој се запишува на приватни часови по неврологија поради финансиски причини и го добива неговиот М.Д. степен во 1881г. на 25 годишна возраст. Тој е исто така почетен истражувач во областа на церебралната патологија, која во тоа време е позната како ,,церебрална парализа”. Тој објавува неколку врвни медицински извештаи и докажува дека болестите постојат уште пред да почнат да ги забележуваат и студираат другите истражувачи. Фројд исто така укажува на тоа дека Вилијам Литл, човекот кој прв ја открива церебралната патологија, бил во заблуда во врска со недостатокот од оксигенкислород за време на процесот на раѓање. Наместо тоа, тој укажува на тоа дека компликациите при раѓањето се само симптоми на проблемот.
 
Фројд се надева дека неговото истражување ќе обезбеди солидни научни основи за неговата терапевтска техника. Целта на Фројдовата терапија или психоанализа е да ги открие потиснатите потсвесни мисли и чувства во свесноста за пациентот да се ослободи од страдањето предизвикано од повторното враќање на искривените форми на овие мисли и чувства. Претворањето на несвесните мисли и чувства во свесни се изведува со охрабрување на пациентот да зборува со слободен разговор а воедно да зборува и за соновите. Друг важен елемент на психоанализата е релативниот недостиг од директно вклучување во делот на аналитичарот. Преку овој процес на пренесување, пациентот може повторно да дејствува и да ги реши потиснатите конфликти, посебно конфликтите од дејството со (или околу) родителите.