Херменевтика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г. (2), 4 год. → 4 г., 6 год. → 6 г.
с →‎Потекло на поимот: Јазично подобрување, replaced: == Етимологија == → == Потекло на поимот ==
Ред 1:
'''Херменевтика''' е наука за теоријата на интерпретација, а исто така може да биде или уметност на интерпретацијата или теорија или практика на толкување. '''Традиционалната херменевтика''', која ја вклучува и библиската херменевтика, се однесува на изучувањето на интерпретација на пишуваниот текст, посебно текстовите од областа на литературата, религијата и законот. Современата, или модерната херменевтика опфаќа не само проблеми кои се вклучени во пишаниот текст туку и оние од интерпретативниот процес. Ова ги вклучува вербалните и невербалните форми на комуникација, како што се поважните фактори кои влијаат на комуникацијата, како што се претпоставките, претсфаќањата и филозофијата на јазикот и семиотиката. '''Филозофската херменефтика''', пред сè се однесува на теоријата на знаењето на Ханс-Георг Гадамер развиена во „Вистина и метод“, а делумно и кај Пол Рикер. '''Херменевтичката постојаност''' се однесува на анализа на текстот за кохерентно објаснување. '''Херменевтиката''' (единечно) се однесува на еден посебен метод или седиште на интерпретација.
 
== Потекло на поимот ==
== Етимологија ==
 
Фолклорната етимологија зборот херменевтика го поврзува со Хермес, митолошко грчко божество кој бил гласник на боговите. Освен што бил гласник помеѓу самите богови, тој бил и гласник помеѓу боговите и луѓето, тој ги водел душите на луѓето низ подземниот свет, бил измислител на јазикот и говорот, интерпретатор, лажго, крадец и измамник. Овие повеќебројни улоги го прават Хермес идеален претставник на херменевтиката, бидејќи, како што Сократ запишал, зборовите имаат моќ да откријат или сокријат, низ промоција на пораката на двосмислен начин. Грците гледаат на јазикот како постојаност на знаците кои можат да водат кон вистина или невистина, односно кон самата суштина на Хермес.