Гренланд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Македонски назив на предлошка, replaced: cite news → наведени вести, Cite news → наведени вести
с →‎Потекло на поимот: Јазично подобрување, replaced: == Етимологија == → == Потекло на поимот ==
Ред 78:
Гренланд бил населуван од арктички луѓе 4.500 до 5000 години. Во 10 век, нордиски народи се доселиле во јужниот дел на островот. Во 13 век на островот се доселиле [[Инуити]]те и во 15 век нордиската колонија исчезнала. Во раниот 18 век контактите меѓу [[Скандинавија]] и Гренланд биле повторно воспоставени и Данска ја основала својата колонија на островот. Гренланд станал данска колонија во [[1814]] година, по долгиот период на управувањето од страна на [[Данска-Норвешка]] (поточно норвешка управа). Со уставот од [[1953]] година, Гренланд станал дел од Кралството Данска. Во [[1979]] година, Гренланд се стекнал со статус на „домашна управа“, а во [[2008]] година [[Гренланѓани]]те гласале за префрлање повеќе ингеренции од рацете на данската власт во рацете на гренландската. Така, Гренланд станала автономна уставна држава на 21 јуни 2009 година.<ref name="Greenland In Figures">{{Наведена мрежна страница|title=Greenland In Figures|url=http://www.stat.gl/publ/en/GF/2012/content/Greenland%20in%20Figures%202012.pdf|work=stat.gl}}</ref> Во рацете на данските власти се меѓународните односи, безбедноста и финансиската политика, како и обезбедување 3,4 милијарди круни за Гренланд. Овие финансиски средства се очекуваат да се намалуваат како што се зајакнува гренландската економија.
 
== Потекло на поимот ==
== Етимологија ==
Името „Гренланд“ е од германско потекло и тоа за првпат го искористиле скандинавските доселеници на островот. Според „[[Исландски саги|Исландските саги]]“, Норвежанецот [[Ерик Црвениот]] бил избркан од [[Исланд]] поради обвинение за убиство. Тој успеал да подготви еден брод за да отплови кон една земја која се наоѓала северозападно. Таа земја била островот Гренланд и по неговото пристигнување на островот тој го нарекол ''{{lang|non|{{linktext|Grœnland}}}}'', или во превод „Зелена земја“. Тој го ставил ова име со намера дека доброто име ќе привлече нови доселеници.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.gutenberg.org/files/17946/17946-h/17946-h.htm |title=Retrieved 12-Feb-2007 |publisher=Gutenberg.org |date=2006-03-08 |accessdate=2010-09-06}}</ref><ref name = ancientstandard>[http://ancientstandard.com/2010/12/17/how-greenland-got-its-name/ How Greenland got its name]. The Ancient Standard. Retrieved 2 January 2012.</ref> Во македонскиот јазик ова име навлегло преку германските јазици. Сепак, официјалното име на државата е Калалит Нунат ({{lang|kl|''Kalaallit Nunaat''}}), што во превод значи „земја на [[Калалити]]те“.<ref name="InuitDictionary">Stern, p. 89</ref> Калалитите се староседелско инуитско население кое живее во западниот дел од државата.