Злосторство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Литература: clean up, replaced: coauthors → author
с clean up, replaced: |http: → |url=http: (5)
Ред 13:
Власта користи разни механизми за да го регулира однесувањето, вклучувајќи правила кодифицирани во закони, ги контролира луѓето за да осигура дека тие ги почитуваат тие закони, како и други приципи и практики наменети за спречување на злосторствата. Покрај тоа постојат правни лекови и санкции, кои заедно го сочинуваат кривично-правниот систем. Сепак, не сите повреди на законот, на пример, непочитување на [[договор]] или обврска и други граѓанско-правни престапи, се сметаат за злодело.
 
Етикетата '''„злостор“''' и општествената [стигма|url=http://en.wikipedia.org/wiki/Social_stigma] која што ја нормално придружува, го ограничуваат опсегот на оние активности коишто им штетат и на општата популација и на државата, вклучувајќи некои коишто предизвикуваат сериозна загуба или штета за поединци. Со етикетата се намерава јасно да се признае [хегемонија|url=http://en.wikipedia.org/wiki/Hegemony]та на една доминантна популација, или да се отслика согласноста во осудувањето идентификувано однесување и да се оправда казната наложена од државата, во случај на обвинетото лице да му е судено и потоа досудено за одредено злодело. Вообичаено, сторителот на злоделото е физичко лице, но во некои надлежности и во некои морални средини, правните лица (види правно лице) исто така се сметаат за способни да вршат злодела.
 
=== Дефиниција ===
Ред 80:
<blockquote> „ Овој закон на природата, со тоа што постои со појавата на човештвото и е диктиран од самиот Бог, секако е супериорен во поглед на обврзувањето на кој било друг закон. Тој е обврзувачки низ целата планета, во сите земји, и во секое време: доколку е спротивно на ова, ниту еден човечки закон не е важечки; и оние кои се важечки ја црпат сета сила, сиот авторитет, индиректно или директно, од овој оригинал“. </blockquote>
 
Но, [[Џон Остин]], ран позитивист, го применил [утилитарианизмот|url=http://en.wikipedia.org/wiki/Utilitarianism] при прифаќањето на преметливата природа на човековите суштества и постоењето на објективен морал, но го негира тоа дека правната важност на една норма зависи од тоа дали нејзината содржина е во согласност со [[морал]]от. Така, според Остин, моралниот код може објективно да утврди што треба луѓето да прават, законот може да претстави кои норми законодавството смета дека се потребни за да се постигне општествена корист, но на секоја индивидуа и се дава слобода да избере што тој или таа ќе направи. Слично, Харт (1961) увидел дека правото како еден аспект на [[суверенитет]]от, со законодавците способни да донесат каков било закон, е начин да се стигне до морален крај.
 
Така, условите неопходни и доволни за еден предлог - закон да биде вистинит биле едноставни, тргнувајќи од тоа дека самото право е логично и постојано, и државните службеници ја применуваат државната моќ со одговорност. [[Дворкин]] (2005) ја отфрла Хартовата теорија и тврди дека фундаментално меѓу политичките права е правото на секоја индивидуа да биде подеднакво почитувана и згрижена од оние кои ја водат. Тој нуди теорија на согласување неодминувајќи ја теоријата на учитво почитување (должност на граѓанинот е да го почитува правото) и теорија на спроведување, којашто ги определува законодавните цели на спроведувањето правда и казна. Законодавството мора да се согласува со теоријата за легитимитет, која што ги опишува околностите под кои одредено лице или група се овластени да создаваат право, и со теоријата за законската правда, којашто го опишува правото за кое се овластени или обврзани да го создаваат.
Ред 86:
Навистина, и покрај сè, најголемиот дел природно-правни теоретичари ја прифатиле идејата за спроведување на доминантниот морал како примарна функција на правото. Овој став не го заобиколува проблемот којшто го прави невозможен кој било морален критицизам на правото така што, ако согласувањето со природното право претставува неопходен услов за правна законодавност, целото важечко право мора, по дефиниција, да е морално правно. Така, во контекст на овој начин на размислување, правната законодавност на нормата неопходно ја вклучува и моралната правда.
Некој може да го реши овој проблем признавајќи одреден степен на [морален релативизам|url=http://en.wikipedia.org/wiki/Moral_relativism] (види [[Роналд Дворкин]]) и прифаќајќи дека нормите може со тек на времето да се развијат и, тогаш, некој може да го критикува постојаното спроведување стари закони, земајќи ги предвид тековните норми. Правото може да биде прифатливо но примената на државната моќ да ги присилува граѓаните да делуваат во согласност со него не е морално оправдано. Во повеќето модерни концепии за теоријата, злоделата се карактеризираат како кршење индивидуални права.
 
Бидејќи општеството смета дека многу права се природни (оттука терминот „''право''“) отколку направени од човекот, она што едно дело го прави злосторство е исто така природно, споредено со законите (кои се направени од човекот). Адам Смит го опишува овој став, велејќи дека еден шверцер би бил одличен граѓанин, „...ако законите на неговата земја не го претвориле во злодело она за коешто природата немала таква цел.“
Следствено на тоа, природно-правната теорија разликува „злосторништво“ (којшто произлегува од човековата природа) и „незаконски дела“ (кои произлегуваат од интересите на оние кои се на власт). [[Адвокат]]ите понекогаш ги изразуваат овие два концепта со malum in se и malum prohibitum. Едно дело се смета за malum in se затоа што тоа дело само по себе, по својата природа преставува злодело; додека едно дело се смата за malum prohibitum (фразата оди вака) само затоа што правото го прогласило тоа дело за такво.
Овој став води до очигледен парадокс]: едно дело може да биде незаконско и да не е злосторство, додека едно зелодело може да биде совршено законско. Многу мислители од периодот на [[Просветителство]]то, како [[Адам Смит]] и татковците-основачи на американскиот устав до одредена мера го прифатија овој став, кој продолжи да привлекува внимание кај т.н. [класични либерали|url=http://en.wikipedia.org/wiki/Liberalism#classical_liberalism] и либертаријанци (приврзаници на политичка филозофија којашто предлага само минимална интервенција на државата во животот на граѓаните).
=== Обележја ===