Иван Перишиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎{{знамеикона|Германија}} Борусија Дортмунд: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: flagicon → знамеикона
с →‎Борусија Дортмунд: Македонски назив на предлошка, replaced: cite news → наведени вести (2)
Ред 44:
Своето деби за популарните ''милионери'' Перишиќ го имал во победата на домашен терен над Хамбургер со 3-1, кога се појавил како замена на местото на [[Крис Леве]]. Својот дебитантски погодок за Дортмунд го постигнал во [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]], прекрасен волеј удар од 17-тина метри со кој го израмнил резултатот на 1-1 против [[ФК Арсенал|Арсенал]], што на крајот се испостави и како конечен резултат. Десетина дена подоцна тој го постигнал својот првенец и во Бундеслигата, одново да го израмни резултатот на 1-1, овојпат против екипата на [[ФК Мајнц|Мајнц]] во нивната победа во гости со 2-1. Тој одново се впишал меѓу стрелците во гостински натпревар кај [[ФК Вердер Бремен|Вердер]] во [[Бремен]] на [[14 октомври]], што Дортмунд го добил со 2-0. Во истиот натпревар тој бил исклучен од игра поради добивање на втор жолт картон на почетокот од второто полувреме (47 минута). Неговата серија на голови продолжи во вториот месец од новата [[2012]] година кога постигнал погодок во Купот на Германија. На [[26 февруари]] постигнал гол во последните моменти од натпреварот за ја завери победата на својот тим над [[ФК Хановер 96|Хановер]] од 3-1. За првпат по доаѓањето во Германија тој врзал голови во два натпревари едно-подруго кон крајот на март, кога ги затресол мрежите на [[ФК Келн|Келн]] и на [[ФК Штутгарт|Штутгарт]] на [[25 март|25]] и на [[30 март]]. По завршувањето на сезоната (2011-12), Борусија ги освоила титулите во Бундеслигата и Купот на Германија, па така и Перишиќ дошол до својте први тимски титули во кариерата.
 
Во новата сезона, Перишиќ постигнал два гола во поразот со 3-2 од Хамбургер на [[22 септември]] [[2012]]. Сепак, наскоро можностите за играње во почетниот тим на Перишиќ станале ограничени, а откако одиграл мал број на натпревари како стартер, тој изјавил за хрватскиот канал [[Нова ТВ]] дека не добил поддршка од [[Јирген Клоп]] и го обвинил својот тренер за фаворизирање на други играчи.<ref>{{citeнаведени newsвести|title=Borussia Dortmund hold contract extension talks with Marcel Schmelzer|url=http://www1.skysports.com/football/news/11095/8253377/|publisher=Sky Sports|date=16 November 2012|accessdate=12 February 2013}}</ref> Како одговор на тоа, Клоп ги критикувал неговите детски постапки и изјавил дека Перишиќ ќе се соочи со парична казна, поради неговиот коментар.<ref>{{citeнаведени newsвести|title=Klopp: Perisic should keep his mouth shut|url=http://www.goal.com/en-gb/news/3275/bundesliga/2012/11/17/3534575/klopp-perisic-should-keep-his-mouth-shut|publisher=Goal.com|date=17 November 2012|accessdate=11 February 2013}}</ref>
 
===Волфсбург===