Ултрас: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с асд
Откажано уредување 428099 (автор: Ivo 12345 | Разговор) Човекув заслжува блок
Ред 1:
{{внимание}}
 
'''Ултрас движењето''' или едноставно само '''Ултрас''' е име дадено за организираните [[Навивачка група|навивачки групи]] на [[спорт]]ските екипи (претежно [[Европа|европските]]) и [[фудбал]]ските тимови. Се појавува во [[Италија]] во текот на доцните шеесети години кога фудбалските екипи ја намалуваат цената на влезните билети на одредени делови од [[стадион]]от. Ултрас движењето не треба да биде мешано со [[Велика Британија|Британските]] [[Casuals]], иако има насилни елементи, [[хулиган]]измот е повеќе исклучок отколку правило.
 
== Заеднички својства на ултра групите ==
 
Ултра групите се доста хомогени. Тие се обично организирани од водечката група која ја има извршната контрола, поделени во помали групи според [[Политика|политичкото]] размислување, локацијата или на пријателска база. Материјалите што ги користат се скоро исти: [[транспарент]]и, [[Бајрак|бајраци]], [[Знаме|знамиња]] на два стапа, [[шал]]ови, [[Капа|капи]], [[дуксер]]и и сл. со симболите и името на групата.
 
== Ултра култура ==
 
Ултра [[култура]]та е микс од повеќе навивачки [[стил]]ови, од веењето на шаловите и скандирањето од [[Англија]], [[Бразил]]ската [[Торцида]] и оригиналниот Италијански стил. Ултра групата може да се состои од десетина до неколку илјади членови кои се од различни делови од [[општество]]то, заземајќи определен сектор на стадионите за себе и вклучувајќи се во екипата многу повеќе отколку обичните фанови.
 
Четири елементи ја сочинуваат срцевината на ултра [[менталитет]]от:
 
* Никогаш не престануваат да пеат во текот на целиот [[натпревар]] без оглед на резултатот;
* Никогаш не седат за време на натпреварот;
* Следат што е можно повеќе натпревари без оглед на цената и далечината;
* Лојалност на [[трибина]]та каде што се лоцирани.
 
Некои симболи се омилени кај ултрасите и тие често можат да се видат на нивните транспаренти како што се: [[Алекс Деларџ]] (Alex DeLarge) од новелата “[[A Clockwork Orange]]” од [[Антони Буржес]] (Anthony Burgess) или логото на [[кошарка]]рскиот тим [[Georgia Bulldogs]].
 
Можеби најзначајниот дел е т.н. звучна поддршка. Секоја група има поголем број на скандирања за својот [[клуб]], за играчите, за разни настани и нормално за противничките групи. [[Мелодија]]та често се зема од некоја популарна [[музика]], а некои песни или скандирања се копираат од другите групи со менување на имињата.
 
Пред големите натпревари, ултра групите припремаат [[Кореографија|кореографии]] кои ќе бидат прикажани кога екипата ќе влезе на теренот или кога ќе започни натпреварот. Во зависност од финансиските можности, кореографијата може да биде на трибината на која што се наоѓа групата или пак на целиот стадион. За оваа цел групите користат најразлични материјали како: картони, најлони, бабулина, мали знаменца, хартиени ролни и сл. во боите на клубот распоредени според седиштата така што формираат некоја порака или форма. Овие кореографии се одлична можност да се прикаже љубовта кон својот тим иако некогаш може да биде планирана со месеци и да биде неуспешна.
 
Се почеста е појавата на непријателство на ултрасите кон т.н. модерен фудбал. Тие се противат на стадиони кои што мораат да имаат седишта, натпревари во петок, сабота и понеделник во доцните часови наместо традиционалните неделни натпревари во 3 часот, екстремно скапи билети, играчите се продаваат како “стока на пазар”, се носат играчи кои не го сакаат [[дрес]]от на својот тим и фудбалот се повеќе и повеќе се комерцијализира. Против модерниот фудбал (Contro il Calcio Moderno, Against modern football) е се почеста фраза која се слуша на стадионите ширум Европа.
 
[[Фанзин]]ите исто така играат значајна улога во целото ова движење. Се почесто се печатат во А5 професионален печатарски формат со добар квалитет и во боја намести црно-бели списанија пишувани на печатарска машина и потоа само пресликувани. Обично секоја група уредува ваков фанзин со информации за наредните натпревари, репортажи, вести и слики. Во Европа најпознат фанзин е италијанскиот [[SuperTifo]], додека во [[Македонија]] моментално нема ниеден фанзин иако порано се печатеа [[МакТифо]] и [[Хаос (фанзин)|Хаос]].
 
== Односот Ултраси / клуб ==
 
Ултра групите обично имаат претставници кои зборуваат со газдите на клубовите околу влезните билети, местоположбата и употребата на придружни материјали. Некои клубови им обезбедуваат на групите поефтини билети, место за чување на транспарентите и другите материјали, пристап во стадионот пред натпреварот за подготвување на кореографија и сл.
 
Некои од овие односи со клубот се критикувани од обичните фанови кои ги гледаат Ултрасите како создавачи на проблеми кои само им создаваат проблеми на клубовите а тие немааат никаква корист од тоа. Доколку клубот има повеќе ултра групи тогаш некои од нив не се согласуваат со фаворизирањето на една група во однос на друга.
 
== Хулиганизам ==
 
Иако ултра групите можат да пројават насилство тие најчесто натпреварите ги проследуваат без инциденти или со помали препукувања со полицијата и противничките групи. За разлика од хулиганите т.е. англиските Casuals, Ултрасите одат на натпреварите за да го поддржат својот тим, а не да се тепаат со локалните групи. Друга значајна разлика меѓу Ултрасите и хулиганите е тоа што хулиганите сакаат да бидат незабележани кога патуваат на натпреварите за да ја избегнат проверката од полицијата додека Ултрасите пристигнуваат во голема маса и сакаат да бидат забележани од локалните жители и фанови и да остават впечаток на непобедливост и триумфализам, што и озвозможува на полицијата да го следи нивното движење.
 
== Политика ==
 
Многу ултра групи се поврзуваат со политичките движења што доведува до ривалство и соединување меѓу групите само врз политичка основа. Додека некои групи како на пример на [[СС Лацио|Лацио]] и [[Реал Мадрид]], [[Irriducibili]] односно [[Ultras Sur]] се познати по честото истакнување на [[Келти|келтскиот]] крст и [[свастика]]та, други групи не се плашат да ги истакнат црвената ѕвезда, чеканот и српот или [[Анархија|анархистичките]] симболи. Сепак постојат и такви групи кои не дозволуваат истакнување на политички симболи на нивните материјали.
 
Многу екстремистички групи се обидуваат да дистрибуираат пропагандни материјали за време на натпреварите знаејќи го големиот регрутирачки потенцијал кај ултра групите. Додека ова е прифатено кај политизираните групи ,кај неутралните односно неполитичките групи ова може да биде сфатено како инвазија и да предизвика насилничка реакција од нивна страна.
 
== Ривалство ==
 
Најголемите ривалства се скоро сите во Италија. Некои од нив настануваат помеѓу клубовите од ист град ([[Рома]] – Лацио, [[Интер]] – [[Милан]], [[Сампдорија]] – [[Ѓенова]], [[Јувентус]] – [[Торино (фудбалски клуб)|Торино]]), а некои како резултат на политичка основа како што е [[Аталанта]] – Лацио, каде ултра групите на Аталанта се познати како лево ориентирани додека веќе споменатата Irriducibili е десно ориентирана. Некои ривалства можат да произлезат и помеѓу групите од истиот клуб, како резултат на борбата за место на трибината и водење на навивањето.
 
Ривалството значи офанзивни скандирања, фрази, транспаренти или пораки кон противничките групи кои често знаат да почнат или да завршат со физичка пресметка и крадење на “непријателски” транспаренти. Групата која ќе го изгуби главниот транспарент е понижена и најчесто доаѓа до нејзино расформирање.
 
== Надворешни врски ==
*[http://ultras.blog.com.mk Macedonian Ultras блог]
*[http://mkultras.blogspot.com Macedonian Tifo Photos] {{EN icon}}
* [http://www.hooligans-ww.com/en/Football%20firms%20links.php Ултрас веб-сајтови]
* [http://files.upl.silentwhisper.net/upload4/italienska_firmor.jpg Политичка мапа на италијанските ултраси]
* [http://www.supertifo.it/storia_tifo/INGLESE/storia_del_tifo.htm СуперТифо статија за настанокот на ова движење]
* [http://www.tifonet.net Фотографии на неколку групи]
* [http://www.expertfootball.com/ultras/ Фудбалските хулигани и Ултрасите] - Хулигански групи и организации
 
[[Категорија:Култура]]
[[Категорија:Спорт]]
 
[[da:Ultras]]
[[de:Ultrà-Bewegung]]
[[en:Ultras]]
[[es:Ultras (deporte)]]
[[fi:Ultrat]]
[[fr:Ultras (supporters)]]
[[he:אולטראס]]
[[hu:Ultrák (sport)]]
[[it:Ultras]]
[[ja:ウルトラス]]
[[no:Ultras]]
[[pl:Ultras (piłka nożna)]]
[[pt:Ultras]]
[[ru:Ультрас]]
[[sk:Ultras]]
[[sv:Ultras]]
[[tr:Ultras]]
[[uk:Ультрас]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ултрас