Вилхелм фон Хумболт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Образовни Реформи: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга
с →‎Образовни Реформи: Македонски назив на предлошка, replaced: Cite news → наведени вести
Ред 25:
Хумболтовиот образовен идеал бил целосно обележан од општествени размислувања. Никогаш не верувал дека ‘човечката раса може да кулминира во достигнувањето на општo совршенство во апстрактни термини’. Во 1789, тој напишал во неговиот дневник дека ‘образованието на поединецот бара неговото вклучување во општеството и неговите врски со општеството во поширока смисла’. Во неговиот есеј за ‘Теоријата за Образованието на Човекот’, го одговорил прашањето за ‘барањата што мора да бидат побарани од една нација, од една ера и од човечката раса’. 'Образованието, вистината и доблеста' мора да бидат распределени до таа мера така што 'концептот на човештвото' зазема голема и достоинствена форма во секој поединец. Меѓутоа, ова ќе биде постигнато лично од секој поединец, кој мора да ја 'абсорбира големата количина на материјал нему понудена од светот околу него и од неговото внатрешно постоење, користејќи ги сите можности на неговата рецептивност; тој мора тогаш да го преобличи тој материјал со сите енергии од неговата активност и да го присвои за себе за да создаде интеракција помеѓу неговата личност и природа во најопшта, активна и хармонична форма'.
 
Хумболтовиот образовен модел оди над практична обука. Во писмо до прускиот крал, тој пишува: "Има несомнено некои видови на знаење кои мора да бидат од општа природа и, уште поважно, да го култивираат умот и карактерот, знаење кое секој треба да го поседува. Луѓето очигледно не можат да бидат занаетчии, трговци, војници или стопанственици ако не се, без разлика на нивното занимање, добри, чесни и – во согласност со нивната состојба – добро информирани човечки суштества и граѓани. Ако оваа основа е дадена преку школување, професионалните вештини лесно се стекнуваат потоа, и личноста е секогаш слободна да преминува од едно занимање во друго, како што често и се случува во животот".<ref>As quoted in Profiles of educators: Wilhelm von Humboldt (1767–1835) by Karl-Heinz Günther (1988), {{DOI|10.1007/BF02192965}}</ref> Филозофот [[Јулијан Нида-Римелин]] ги критикувал разликите помеѓу Хумболтовите идеали и современата образовна политика, која еднострано го разбира образованието како подготовка за пазарот на трудот, и аргументирал дека мораме да се одлучиме помеѓу [[МкКинзи]] и Хумболт.<ref>{{Citeнаведени newsвести|url=http://www.zeit.de/2009/45/Bachelor-Kritik|title=Bologna-Prozess: Die Chance zum Kompromiss ist da|last=Nida-Rümelin|first=Julian|date=29 October 2009|work=[[Die Zeit]]|language=de|access-date=29 November 2015}}</ref>
 
== Наводи ==