Разлика помеѓу преработките на „Транслација (биологија)“

с
→‎Основни механизми: clean up, removed: |month=February
с (→‎Основни механизми: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга (2))
с (→‎Основни механизми: clean up, removed: |month=February)
 
[[Аминоацил тРНК синтетаза]] (вид на [[ензим]]) го катализира врзувањето меѓу специфичните тРНК и аминокиселините за кои се одредени нивните антикодони. Производот од оваа реакција е молекулата [[аминоацил-тРНК]]. Оваа молекула патува внатре во рибозомот, каде иРНК кодоните се совпаднуваат преку комплементарно спарување на бази за специфични тРНК антикодони. Рибозомот поседува три места за врзување со тРНК. Тие се: местото [[аминоацил]] (скратено: А), местото [[пептидил]] (скратено: P) и излезното место (скратено: Е; ''exit''). Поради иРНК, трите места се насочени 5’ накај 3’ E-P-A, затоа што рибозомите се движат кон 3’ крајот на иРНК. Местото А ги врзува надоаѓачките тРНК со комплементарен кодон на иРНК. Местото P ја држи тРНК со растечкиот [[полипептид]]ен ланец. Местото Е ја држи тРНК без нејзините аминокиселини. Кога еден аминоацил-тРНК најпрво се врзува со својот совпаѓачки кодон на иРНК, тогаш тој се наоѓа на местото А. Потоа се образува [[пептидна врска]] меѓу аминокиселината на тРНК во местото А и аминокиселината на зафатената тРНК во местото P. Растечкиот полипептиден ланец се пренесува до тРНК во местото А. Се случува транслокација, при што тРНК (сега без аминокиселина) се преместува од местото P во местото Е; тРНК која била во местото А (сега зафатена со полипептиден ланец) се преместува во местото P. тРНК која се наоѓа во местото Е си оди, а друг аминоацил-тРНК влегува во местото А за повторно да се одвива процесот.<ref>{{Наведена книга|last=Griffiths|first=Anthony|title=Introduction to Genetic Analysis|year=2008|publisher=W.H. Freeman and Company|location=New York|isbn=978-0-7167-6887-6|pages=335–339|edition=9th|chapter=9}}</ref>
 
По додавањето на новата аминокиселина на ланецот, енергијата добиена од [[хидролиза]]та на [[ГТФ]] врска до [[транслоказа]]та [[EF-G]] (кај [[прокариоти]]) и [[eEF-2]] (кај [[еукариоти]]) го придвижува рибозомот за еден кодон кон 3' крајот. Енергијата потребна за транслација на белковините е значителна. За белковина која содржи n аминокиселини, бројот на високоенергетски фосфатни врски потребни за нјзината транслација изнесува 4n-1. Степенот на транслација е различен: значително е поголем кај прокариотските клетки (и до 17-21 аминокиселински остатоци за секунда) за разлика од еукариотските (до 6-9 аминокиселински остатоци за секунда).<ref>{{Наведено списание |author=Ross JF, Orlowski M |title=Growth-rate-dependent adjustment of ribosome function in chemostat-grown cells of the fungus ''Mucor racemosus'' |journal=J. Bacteriol. |volume=149 |issue=2 |pages=650–3 |year=1982 |month=February |pmid=6799491 |pmc=216554 }}</ref>
 
== Наводи ==