Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Улогата на Мара во Септемвриските егзекуции: Јазична исправка, replaced: егзекуциите → погубувањата, Егзекуциите → Погубувањата
с Јазична исправка, replaced: егзекуции → погубувања (5)
Ред 160:
Кога Мара ја запознал Симон, тој бил 47 а таа била 26 години. Нејзината прва привлечност не била кон Жан-Пол Мара туку кон прославениот Пријател на Народот. Нивната врска се развила од тесна политичка соработка. Повторното раѓање на ''L'Ami du Peuple'' во април 1792 веројатно немало да биде можно без скромната, но важна финансиска поддршка овозможена од нејзината заштеда и плата. По укинувањето на монархијата на 10-ти август 1792 година, Комитетот за полиција и надзор на Париската комуна му дал на Мара четири од кралските печатарски машини, а новата печатница на Мара била поставена во подрумот на Клубот на кордељерите.<ref>{{Наведена книга|title=Jean-Paul Marat: A Study in Radicalism|last=Gottschalk|first=Louis R.|publisher=Benjamin Bloom|year=1927, преиздадена 1966|isbn=|location=|pages=97}}</ref>
 
== Улогата на Мара во Септемвриските егзекуциипогубувања ==
Одговорноста за масакрите во септември му се припишува, но колективниот менталитет што ги предизвика е резултат на околности, а не од волјата на која било посебна индивидуа, аргументира историчарот Жорж Лефебр во својата книга ''Француската револуција: Од нејзините почетоци до 1793''.
 
Септемвриските масакри (2-7 септември 1792), што се случија заради страв дека странските и кралските војски ќе го нападнат Париз и дека затворениците во градските затвори ќе бидат ослободени и ќе им се придружат. На 2 септември пристигнале вести во Париз дека војската на војводата од Брауншвајг ја нападнал Франција и со инвазијата на тврдината Верден бргу паднала, и дека Прусите бргу напредувале кон главниот град. Оваа информација распламтила разјареност и страв кај населението. Парижани знаеле дека во затворот Абеји било приредена илуминација на денот на заземањето на Лонгви каде зад решетките уапсените ги навредувале поминувачите и ги уверувале дека Прусите ќе го заземат Париз и ќе го уништат. Дека омразата на Парижани кон ројалистите била основана, може да се заклучи и по еден напис кој е објавен во еден жирондински весник од 2 септември, во кој стои дека ројалистите одлучиле по влезот на пруската војска во Париз да го запалат градот од сите страни, да се изгладне градското население и да се казнат револуционерите. А пак Манифестот на војводата од Брауншвајг (25 јули 1792), кој во голем дел е напишан од ''братучедот'' на Луј XVI, Луј Жозеф де Бурбон, принц од Конде, инаку лидер на големи трупи на емигранти во сојузничката војска, се заканил на францускиот народ со инстантно казнување ако тој дава отпор на императорските и пруските војски и поновото воведување монархија. Септемвриските денови во Париз биле дело на самоодбрана на народот кој знаел колку ѕверски свирепи биле контрареволуционерите, народ кој стравувал од пресврт во Париз додека се борел на фронтот. После заземањето на Верден пруската војска се наоѓала на само сто милји од Париз. Цела Европа не се сомневала во победата на војводата од Брауншвајг. Пад на Париз не се очекувал подоцна од 10 септември. Било доволно само Законодавното собрание, ''на енергично барање на Комуната'', на 4 септември да објави соопштение до францускиот народ во кое ветило „дека со сите сили ќе се бори против кралот и кралската власт“, за да колежот престане истиот ден и Парижани тргнат на фронт. Битката кај Валми (20 септември 1792) била првата победа над непријателите од почетокот на војната. Таа победа го спасила Париз. Гете, големиот германски поет и почитувач на научното дело на д-р Мара, рекол, сфаќајќи го значењето на Битката кај Валми: „На тоа место, на тој ден, отпочна нова доба во светската историја. Тоа е првата победа на народот над кралевите“.
 
На 3 септември, Комисијата за претпазливост на Комуната, во која сега служел Мара, објавува циркулар во кој се повикуваат провинциските патриоти да го одбранат Париз и побарува од нив, пред да ги напуштат своите домови, да ги елиминираат контра-револуционерите. Жирондинците потоа направија голем број копии од овој циркулар, но нема докази дека имал некакво влијание. Mара е само директно одговорен за ''народната акција'' во еден од затворите, имено, таа во Абеји. Еве што тој вели на темава: <blockquote>Која е должноста на народот? Последното нешто што мора да го направи, и најсигурното и најмудрото, е да оди вооружен пред Абеји, да ги ''оддели'' предавниците, посебно швајцарските офицери и нивните соучесници, и да ги убие. Која будалаштина да се сака да им се овозможи судење! Сè е направено, ги вооруживте против нацијата, ги масакриравте војниците, зошто би ги поштедиле офицерите, кои се неспоредливо повиновни? Лудост е што се слушаат ласкавците, кои советуваа да ги направат само воени затвореници. Тие се предавници кои неопходно е да се жртвуваат веднаш, бидејќи тие не можат да бидат сметани во друго светло.<ref>{{Наведена книга|title=L’Ami du Peuple, No. 680|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref></blockquote>Во бр. 12 од ''Journal de la République'' Мара се брани од злобните напади на жирондинците во Конвентот против Комуната, Комитетот за надзор и против него самиот во врска со Септемвриските егзекуциипогубувања: <blockquote>Несреќните настани од 2 и 3 септември, кои подмолни и поткупливи лица ги припишуваат на Општината, беа целосно поддржани од порекнувањето на правдата од страна на Трибуналот за злосторства кој го ослободи заговорникот Монтмарен, со заштитата на тој начин објавена до сите други заговорници, и со разлутеноста на народот, плашејќи се да стане роб на сите предавници кои толку долго време ги злоупотребувале неговите несреќи и катастрофи. Тие ги нарекуваат ајдуци оние кои ги масакрираа предавниците и подлеците затворени во затворите. Ако тие беа ајдуци, Песион би бил злосторник бидејќи мирно ги пушти ајдуците да ги извршуваат своите злосторства за време на двата последователни дена во сите затвори на Париз. Неговото виновничко неделување би било најсериозното злосторство, а тој би заслужил да ја загуби својата глава бидејќи не ги мобилизирал сите свои вооружени сили да им се спротивстават. Тој без сомнение ќе ви рече, за да се искупи, дека вооружената сила немала да му се потчини и дека сиот Париз учествувал, што всушност е факт. Тогаш, ајде да се согласиме дека се работи за измама да се направат ајдуци одговорни за една операција која за жал беше само премногу нужна. Тоа е поради што заговорниците го избегнаа мечот на правдата па потоа паднаа под секирата на народот. Дали е неопходно да се рече повеќе за да се побие нечесното потпикување, кое би го направило Комитетот за надзор на Комуната одговорен за овие егзекуциипогубувања од страна на народот? Но, неговото оправдување не завршува овде. Ние ќе видиме што направиле водечките членови на овој Комитет за да спречи било кое невино лице, било кој должник, било кој виновник за обичен прекршок, да биде подложено на опасностите кои се озабија врз големите злосторници. Јас бев во Комитетот за надзор, кога се објави дека луѓето само што ја напуштиле националната гарда и егзекутирале неколку тврдоглави свештеници, обвинети за учество во заговори, осудени од Комитетот за Ла Форс, и дека луѓето се заканиле дека ќе влезат во затворите. При оваа вест, Пани и јас извикавме заедно, со идеја: „Поштедете ги малите деликвенти, сиромашните должници, оние обвинети за обични прекршоци!“ Комитетот веднаш нареди на различни чувари на затворите да ги одделат овие од сериозните злосторници и контрареволуционерните предавници, како не би требало луѓето да бидат изложени на ризикот да жртвуваат некои невини лица. Одделувањето веќе било направено кога во затворите било насилно влезено, но претпазливоста беше непотребна, благодарејќи на грижата преземена од страна на судиите поставени од народот, кои ги извршуваа функциите на трибуни за време на експедицијата, да истражуваат во секој случај и да ги ослободат сите оние кои Комитетот за надзор ги одделил. Ова е дискриминација којашто деспотот сигурно немаше да ја практикува ако победеше на 10-ти август. Такви се фактите кои се спротивставуваат на клеветите кои ја изопачија приказната за настаните од 2 и 3 септември.</blockquote>Колективниот менталитет е доволно објаснување за погубувањата, како што аргументира историчарот Жорж Лефебр. Погубувањата беа спроведувани од толпите на Националните гардисти и федерати и, до 6 септември, половина од затворското население во Париз било погубено: околу 1200 до 1400 затвореници.
 
Откако е уапсен, а потоа ослободен од обвиненијата на жирондиската партија во 1793-та, го помага нападот врз [[жирондисти]]те и нивното обезвластување на 1 јуни, истата година.
Ред 186:
[[Податотека:Триумфот на Мара од Луј-Леополд Боаји.jpg|мини|475x475пкс|''Триумфот на Мара.'' (Мара френетично поздразуван од народот откако е ослободен од Револуционерниот трибунал на 24 април 1793 година). Слика од Луј-Леополд Боаји (1761–1845). Масло на на платно, 81 × 121 cm. Лил, Musée des Beaux-Arts.]]
 
Од јануари до мај 1793, Мара се бори со жирондинците, за кои верува дека се прикриени непријатели на републиканизмот. Омразата кон жирондинците кај Мара се вжештува, што го натерува да повикува на употреба на насилна тактика против нив. Жирондинците се спротивставуваат и бараат на Мара да му се суди пред Револуционерниот трибунал. По неколку дена обидувајќи се да избегне апсење, Мара конечно е затворен. На 24 април, тој е изнесен пред Трибуналот по обвиненијата дека тој печатил во својот весник изјави во кои се повикува на масовни егзекуциипогубувања, како и за суспензија на Конвенцијата. Мара одлучно ги брани своите постапки, изјавувајќи дека немал лоши намери насочени против Конвенцијата. Мара е ослободен од сите обвиненија придружен со бунтовнички прослави од страна на неговите приврзаници. Во својата лична одбрана, Мара спорел против обвиненијата на жирондинците со овие аргументи:<blockquote>Произлезено од законодавен комитет којшто скоро целосно е составен од мои смртни непријатели, сите од нив членови на партијата на „државниците“, обвинителното решение беше издадено со таков недостиг на размислување што ги има сите карактеристики на глупа игнорантност, лага, лудост, гнев и ѕверство.
 
Со еден поглед може да се види дека овој акт е исполнет со сјајни противречности, или подобро ние треба да речеме, со духот на противречноста кон „Решението за обвинение“, коешто му служи како основа. Не се споменува говорот составен од јакобинците, чие потпишување тие ми го припишуваат како злосторство; а сепак овој говор беше она што го предизвика решението.
Ред 210:
 
=== 13 јули 1793 ===
На 13-ти јули, Шарлот Кордеј, фанатична млада жирондистка од провинцијата, доаѓа до неговата бања под изговор дека носи список на предавници од нејзиниот роден Кан. Таму, таа го прободува смртно. Главната причина за атентатот врз Мара е неговото учество во настаните од 10 август 1792 година, Септемвриските егзекуциипогубувања и 31 мај-1 јуни 1793 што бил голем противник на жирондинците и што остро ги критикувал монархистите. Причината е и тоа што силно ги подржувал републиканските вредности, што отворено ја критикувал наклонетоста на француските акедемици кон власта и кон конфорниот живот, што ги поддржувал „бесните“ и што гласал за смртната казна на Луј XVI. Шарлот Кордеј (1768-1793), пред гилотирањето јавно признала дека Мара го убила во неговото купатило поради теророт што го спроведувал врз жирондинците и врз ројалистите. Атентаторката е во роднинска врска со Пјер Корнеј, француски комедиограф и сатиричар, чии херои страдат поради преголемата желба за слава.
 
Заради Кордејското убиство на Мара, монтањарците се предизвикани да ги затвораат и егзекутираат останатите жирондисти во почетокот на Владеењето на теророт. Мара е погребaн во Пантеон, а потоа во 1794&nbsp;г. е пренесен на гробиштата Saint-Étienne-du-Mont. За време на затворањето на овие гробишта, неговите останки се фрлени на јавно место. Гробиштата не постојат повеќе и според тоа нема повеќе гроб за Мара.