Разлика помеѓу преработките на „Масакр во Велес“

Одземени 8 бајти ,  пред 1 месец
с
→‎Настан: Јазична исправка, replaced: егзекутиран → погубен
с (→‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: flagicon → знамеикона)
с (→‎Настан: Јазична исправка, replaced: егзекутиран → погубен)
== Настан ==
{{Главна|Крвава Коледа (1945)}}
На [[15 јануари]] [[1945]] без јавно судење, биле масакрирани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на [[НОБ]] и соработници со окупаторот. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за докажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена во 1996 година. Посмртните останки на 53 убиени велешани се пронајдени со наредба за ексхумација од тогашната влада, во 1996 година, во атарот на селото [[Летевци]] во месноста Пуста Кула, на границата меѓу [[Велешко]] и [[Скопско]]. Нивните потомци дошле до документот на судска медицина, кој никогаш не го видел светлото на денот. Според обдукцијата, биле пронајдени 15 сочувани черепи од 53 закопани, само четири куршуми и констатација дека починатите биле усмртени со удар од „тапо-тврда сила“ по главата. Блиските фамилии на 53-та велешани барале од Врховниот суд заштита на законитоста, но тој не утврдил дека биле ликвидирани поради нерегуларна судска постапка. Врховните судии го одбиле како неосновано барањето за заштита на законитоста на едно од семејствата на стреланите, кое тврдеше дека нивниот роднина е егзекутиранпогубен зашто не се почитувало правото на жалба на обвинетите. Семејствата веруваат дека 53-ра велешани веќе биле убиени на 15 јануари, а Второстепениот суд на 18 јануари 1945 година ја потврдил пресудата на Првостепениот воен суд на Скопската воена област донесена три дена порано. Врховниот суд смета дека нема докази со кои може да се потврди дека стрелањето било извршено пред 18 јануари. Историчари се убедени дека на пресудите е извршено антидатирање, односно дека се напишани подоцна, по егзекуцијата, за правно да се покрие случајот. Ова е прв и единствен случај на откриена масовна гробница во Македонија, дело на тогашната комунистичка власт.<ref>Ѓорѓи Малковски, Ликвидации без јавни судења, „Нова Македонија“, 15 јануари 1995.</ref><ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 924 стр.</ref>
 
За ликвидацијата на затворениците од затворот во [[Велес]] не јавиле ниту „[[Нова Македонија]]“, ниту [[Радио Скопје]], кои обично известувале за судењата и егзекуциите на народните непријатели. Информирало само локалното радио, а потоа настанал молк. Шеесет години никој не зборува за случајот. Според историчарите што зборуваа на трибината, вечерта на 15 јануари биле убиени 53 затвореници од затворот во Велес. За ниеден од нив немало пресуда, а две третини од нив, според документацијата, немале никаква вина. Стрелањето го наредил полковникот Евто Шашиќ. Воениот суд ја донел пресудата за стреланите дури по извршувањето на казната. Историчарите потсетуваат дека егзекуцијата се случила непосредно по бунтот на македонските офицери, кој се случил на [[Скопско Кале|скопското Кале]].