Александар Турунџев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од Sbep666) и ја поврати преработката 3903573 на Bjankuloski06
с Јазична исправка, replaced: егзекутиран → погубен
Ред 20:
==Првите години==
 
Тој роден е во [[1872]] година во с. [[Горно Врбени]]), [[Леринско]]. Во редовите на [[Македонска револуционерна организација|ТМОРО]] се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода.
 
За време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.
 
Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед.
 
Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакуваа не се осмелуваа да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, заради големиот страв од Александар Турунџев.
Ред 32:
[[Податотека:Besenje na Turundžev.jpg|мини|десно|240п|Бесењeто на Турунџев]]
 
По одлуката за кревање востание на [[Солунски конгрес од 1903 година|Солунскиот]] и нејзиното потврдување на [[Смилевски конгрес|Смилевскиот конгрес]], на Турунџев му била доверена обврската да го доорганизира сопственото село и да го подготви за востанието.
 
Кога завршил со воената обука на своите соселани од најразлични возрасти, но главно на возраст од 20-25 години нагоре, Турунџев со сите нив, околу 230 лица опфатени со обуката, организирал на неколкупати талим (маневра) со тоа што во импровизираните судири меѓу востаниците и аскерот учествувал по една половина од вкупниот број.
 
За време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во Леринско била запазена директивата на [[Смилевски конгрес]] за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствувале четите, а селаните останале во своите села. Вкупно биле мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.
 
Османските војсководачи изработиле детален план за контраофанзива против македонските револуционерни, востанични единици. А за да го спречат повторното засилување на востаничкото движење во Леринско, вилаетските власти во [[Битола]] донеселе одлука за сместување нова единица во родното село на Турунџев, која пристигна со својот командир на [[14 ноември]] [[1903]] година.
 
Неговото присуство не ги исплашило членовите на [[Македонска револуционерна организација|ТМОРО]] во легендарното Екши-Су ([[Горно Врбени]]), ниту пак ја запрела организационата дејност на легендарниот син на селото Александар Турунџев, кој почна со обнова на револуционерната мрежа во својот реон, станувајќи се популарен, особено по ревизионата посета на реонот од страна на [[Даме Груев]], врховниот командант за време на Илинденската револуција и неговата верна сенка, бескомпромисниот револуционер - [[Ѓорѓи Сугарев]].
Ред 44:
== Смрт==
[[Податотека:Alexandar-Turundzhev-Grave.JPG|мини|десно|240п|Гробот на Александар Турунџев во Битола]]
По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол во новиот состав на Леринското горско началство.
 
Кон крајот на [[1904]] година, во селото [[Ајтос (село)|Ајтос]], Леринско, бил предаден од шпионот [[Митре Гинков]] за 150 жолтици.<ref name="Биографија објавена во Дневник">[http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=E7C9AAC8FB5DE140B9C989041B84DBF3 Биографија објавена во Дневник]</ref> Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во [[Битола]] на 29 август 1905 година го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот [[Ат-пазар (Битола)|Ат-пазар]], на [[30 август]] [[1905]] година. Турунџев со пранги на рацете и нозете најпрво бил изложен на плоштадот во Битола. Поворката тргнала од [[Саат-кула Битола|Саат-кулата]], крај [[Безистен (Битола)|Безистен]]от, реката [[Драгор]], па сè до [[Ат-пазар (Битола)|Ат-пазар]]. Турунџев бил сместен на запрежна кола, а напред одел телал кој ја читал веста дека ќе биде егзекутиранпогубен. Кон поворката се приклучиле над 3000 битолчани. Збунетиот поп пред егезкуцијата го прашал: „Кои се твоите последни зборови?“ Тогаш Александар се поткачил на некаков кош, го фатил јажето, ги подигнал очите кон небото и извикал: „Македонија ќе биде слободна!“ По извикот, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил.<ref>[http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID name=E7C9AAC8FB5DE140B9C989041B84DBF3 "Биографија објавена во Дневник]<"/ref>
Гробот на Турунџев се наоѓа на битолските гробишта ''Света Недела''.<ref>Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.</ref><ref>[http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce429/Tekst38.htm Македонско Сонце. Македонија ќе биде слободна!]</ref> Неговата [[смрт]] е опеана во народната песна „Црно му било пишано“.<ref>Петранка Костадинова, ''Македонски народни песни''. Mister Company, CD 027, 1999.</ref>
Ред 56:
 
* [http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce429/Tekst38.htm Македонија ќе биде слободна!]
 
{{Дејци на МРО}}
 
[[Категорија:Дејци на ВМОРО|Туру]]
[[Категорија:Македонски војводи]]
{{Дејци на МРО}}