Разлика помеѓу преработките на „Рудолф Горник“

Одземени 12 бајти ,  пред 1 година
с
с
 
== Биографија ==
Академик Рудолф Горник e роден на 1 Април 1898 година во [[Сремска Митровица]]. Во 1916 година ја завршил Гимназијата во [[Осиек]],. по штоШколувањето го продолжил школувањетона Земјоделскиот факултет во [[Прага]] на Земјоделскиот факултет, отсек одгледување и размножување на растенија. Во 1923 година го завршил школувањето со висок успех. На негова иницијатива во 1924 година била основана првата експериментална станица за истражување на тутун во [[Прилеп]], која била единствена од таков тип на Балканот. Во 1928 година станал нејзин управник, а кога во 1936 година експерименталната станица прераснала во [[Институт за тутун - Прилеп|Институт за тутун]], раководел со него се до 1939 година, кога станал началник на Државниот тутунски монопол во Белград.
 
Од 1946 до 1954 година повторно бил директор на Институтот за тутун во Прилеп. Во овој период дал особен придонес во осовременувањето на производството на тутун и во истражувањето на нови тутунски сорти подобни за македонското поднебје. Како резултат на неговата научноистражувачка дејност, добиени се ориенталните сорти на тутун: Прилеп 10-3/2, Прилеп 12-2/1, Јака Кире-чилер и Отља. Исто така се занимавал со интродукција на нови сорти на тутун од типот „Вирџинија“ и создавање на нови хибридни сорти на тутун отпорни на пероноспората на тутунот. Рудолф Горник од 1952 до 1954 година бил уредник на списанието „Тутун“.