IP-адреса: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: clean up, replaced: датум= → date =
Ред 1:
{{внимание}}
{{без извори|датумdate =2 декември 2010}}
[[Адресна шема|Адресната шема]] (форматот на '''IP-адресите''' и начинот на нивното користење) е од базично значење во процесот на насочување (''routing'') на IP-пакетите низ мрежата. Секоја IP-[[адреса]] има точно определен формат. На секој корисник приклучен на [[TCP/IP]] мрежа, му се доделува една единствена 32 битна логичка адреса поделена во два дела:

* број на мрежата (network number) и

* број на хостот (host number).

[[Мрежен број|Мрежниот број]] ја дефинира мрежата, и ако мрежата треба да биде дел од [[Интернет]], тој се доделува од глобален авторитет [[Network Information Center]] ([[NIC]]). На секоја нова мрежа која бара пристап на Интернет, NIC доделува по еден мрежен број, а тоа всушност се група од IP-адреси со која операторот на мрежата може слободно да располага и да ги доделува на хостовите.

IP-адресата се состои од 32 [[бит|бита]]а (кога се говори за IP-адреси се подразбира [[IPv4]] адреси), групирани во 4 октети, одвоени со точки и претставени во децимален формат (на пример 194.149.144.1). Минимална декадна вредност на еден октет е 0, а максимална 255.

IP-адресирањето поддржува 5 различни [[адресна класа|адресни класи]] A, B, C, D и E. Само класите A, B и C се за комерцијална употреба. Најзначајни битови од првиот октет ја индицираат мрежната класа.

Така, со IPv4 се организирани сите корисници/уреди во едноставна дво-нивовска хиерархија која содржи мрежен ID (кој ја дефинира мрежата) и ID на хостот (кој го дефинира хостот на дадена мрежа). Со цел да се задоволат потребите на големите и малите мрежи 32 битното адресно поле е поделено на три класи за unicast апликации. Класа А, B и C за големи, средни и мали мрежи соодветно.

Адресирањето на милиони компјутери низ целиот свет користејќи притоа само две хиерархиски нивоа дефинирани во IPv4 резултирало со многу големи насочувачки табели. Во почетокот на 1990-те год. проблемите поврзани со адресирачката шема на IPv4 речиси и да го лимитирале растот на Интернетот поради недостатокот на адреси од класата B како и поради зголемувањето на големината на насочувачките табели. Како привремено решение бил развиен концептот Classless Inter-Domain Routing ([[CIDR]]) кој овозможува делење на преостанатите адреси од класата C во блокови со променлива големина.

Дефинирани биле четири географски зони во светски размери и на секоја од тие зони и бил доделен дел од адресниот простор на адресите од класата C. Доделувањето на адресите од класата C на зони се случило со цел да се намали големината на насочувачките табели.

Кај [[IP-адресирање без класи]] (CIDR) IP-адресата е 64-битна вредност составена од два дела:

* IP-адреса од 32 бити, и

* маска (mask) од 32 бити.

Притоа, маската го дефинира мрежниот дел од IP-адресата, но во случај на бескласно адресирање, IP-адресната група не мора да припаѓа на дефинираните класи на IP-адреси. Има два начина за означување на мрежите адресирани на овој начин, кои ќе ги илустрираме преку пример:

1) a.b.c.d/255.255.255.0 (во овој случај маската е во децимален формат, ист како и IP-адресата);

2) a.b.c.d/24 (во овој случај маската е број кој го дефинира бројот на единици во 32-битната маска, почнувајќи секогаш од левата страна – во случајов маската /24 одговара на децимален формат 255.255.255.0, односно првите 24-бита од форматот на IP-адресата се сетирани на “1”).

Пример за IP-адресирање без класи:

IP=10.24.17.198 / 255.255.248.0 (IP-адреса / IP маска)

OA.18.11.C6 OA.18.11.C6

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/IP-адреса