Мртви души: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: 6 год. → 6 г. (3)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Доживувањата на Чичиков или Мртви души (поема)''' ([[руски]]: ''Похождения Чичикова или Мертвые души (поэма'') — [[роман]] на рускиот писател [[Николај Гогољ]], првпат објавен во [[1842]] година.
 
==Создавањето на романот==
Гогољ започнал да го пишува романот во средината на [[1835]] година, а сижето му го позајмил [[Пушкин]], наговарајќи го да започне да пишува поголемо дело. Во „Исповедта на писателот“, Гогољ го објаснува настанувањето на делото „Мртви души“: Во една прилика, кога Гогољ му прочитал на [[Пушкин]] една сцена, тој се воодушевил и му рекол „...како е можно со таква способност човек да не се зафати со некое големо дело!“ Потоа, Пушкин почнал да му укажува на Гогољ на неговата слаба конституција, на [[болест]]ите и на можноста да умре млад; потоа, му го кажал примерот со [[Сервантес]] кој, иако напишал неколку извонредни раскази, да не се зафател со „[[Дон Кихот]]“, никогаш не би го зазел своето место меѓу писателите; најпосле, му го отстапил своето сиже од кое сакал да напише еден вид поема, а тоа било сижето за „Мртви души“.<ref>Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд: Просвета, 1966, стр. XV-XVI.</ref>
 
Откако ги напишал првите три глави, Гогољ ја прекинал работата на романот, посветувајќи се на пишувањето на [[комедија]]та „[[Ревизор (комедија)|Ревизор]]“. По напуштањето на [[Русија]], тој ја продолжил работата на романот во швајцарското место Веве, а потоа и во Париз, каде работел со голем полет. Така, во едно писмо до Жуковски, тој вели: „Сè што почнав, повоторно го преработив, размислив повеќе за целиот план и сега го водам мирно како летопис. Ако го сработам ова дело онака како што треба да се направи, тогаш... какво огромно, какво оригинално сиже! Цела Русија ќе се појави во него! Тоа ќе биде првата моја добра работа, работа која ќе го прослави моето име!“<ref>Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд: Просвета, 1966, стр. XLIV.</ref> Гогољ ги преработил трите глави во [[Париз]], а малку подоцна во [[Рим]] ја продолжил работата на романот. Првиот дел на „Мртви души“ Гогољ го пишувал шест години и го завршил есента 1841 година. П. В. Аненков, кој му помагал на Гогољ во препишувањето на романот, опишува една случка која го покажува задоволството на Гогољ од она што го напишал: Еднаш, за време на препишувањето на шестата глава, Аненков го изразил своето воодушевување, нарекувајќи ја главата генијална, а малку подоцна, за време на прошетката, Гогољ запеал некоја весела украинска песна и на улицата почнал да игра со чадорот од кој по неколку минути останала само дршката.<ref>Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд: Просвета, 1966, стр. XLV.</ref><ref name="ReferenceA">Марија Стојиљковић, „Објашњења“, во: Николај В. Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд и Цетиње: Народна књига и Обод, 1970, стр. 431-432.</ref>
 
Во декември 1841 година, Гогољ го доставил до [[цензура]]та во [[Москва]]. Меѓутоа, цензорите постојано му давале забелешки на некои неважни ситни детаљи. На пример, еден цензор се спротиставилспротивставил на печатењето на книгата, со образложение дека [[душа]]та е бесмртна, дека не постојат мртви души и дека насловот е во спротивност на една од основните [[Христијанство|христијански]] догми. Кога му било објаснето дека се мисли на кметовите, цензорот одговорил дека дури сега не дава дозвола за печатење, зашто книгата е насочена против кметовите.<ref>Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд: Просвета, 1966, стр. XLVI.</ref> Наскоро, нему му станало јасно дека нема да добие дозвола за печатење на романот и затоа го замолил познатиот критичар [[В. Г. Белински]] да го предаде ракописот до цензурата во [[Петроград]]. Таму, цензорот Никитенко се покажал поблаг и дал дозвола за објавување, со барање до авторот да направи поправки на 36 „сомнителни места“, да ја измени приказната за капетанот Копејкин и да го промени насловот на книгата. Така, романот излегол од печат на [[21 мај]] [[1842]] година, со наслов „Доживувањата на Чичиков или Мртви души“ (како што барала цензурата) и под тој наслов продолжил да се објавува до [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]].<ref name="ReferenceA"/>
 
На средината од корицата на првото издание на „Мртви души“ со големи букви се издвојува зборот „Поема“, потоа со ситни букви е напишано „Доживувањата на Чичиков“, а подолу со црни букви стои насловот „Мртви души“, заедно со годината на издавањето. Притоа, на корицата се претставени вињети на [[череп]]и, шишиња, чаши, печена [[Гусковидни|гуска]] и трагични маски; странично се прикажани контурите на кафеани, бунари, [[риби]], шишиња, [[опинци]], а најгоре е прикажана познатата руска тројка.<ref name="ReferenceB">Марија Стојиљковић, „Објашњења“, во: Николај В. Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд и Цетиње: Народна књига и Обод, 1970, стр. 434.</ref>
Ред 30:
 
==Ликовите во романот==
Во „Мртви души“ Гогољ дал цела галерија на типични ликови од тогашна [[Русија]]. Во прв ред, сликајќи го [[благородништво]]то, тој ја продолжил темата почната во неговите збирки раскази „[[Вечери во селцето крај Диканка]]“ и „[[Миргород (Гогољ)|Миргород]]“ и повторно го прикажува [[паразит]]скиот живот на [[спахии]]те. Ликовите на Манилов, Собакевич, Ноздрјов, Коробочка и другите претставуваат деформација на човечката природа и деградација на најважното во човекот, иако секој од нив претставува посебен лик: Манилов е добар човек, љубезен и „иделаист“„идеалист“, но од неговата добрина нема никаква полза и затоа за него се добива негативна слика; за разлика од него, Коробочка и Собакевич се практични и себични луѓе кои ги гледаат своите интереси; а интересен е и ликот на Ноздрјов, кој на почетокот делува како обичен дрдорко, но подоцна се покажува како расипан човек. Сепак, покрај спахиите, Гогољ ги прикажува и провинциските градови во кои живеат [[морал]]ни чудовишта, а службениците се [[Корупција|корумпирани]] и ја крадат државата. ОосбеноОсобено рељефно е насликан главниот лик, Чичиков, кој по своите карактерни црти не е подобар од спахиите и државните службеници. Уште од детството, тој е воспитуван да им се додворува на претпоставените и постепено тој се формирал во совршен никаквец. Во продолжение, еден од насилните делови во „Мртви души“ е Приказната за капетанот Копејкин - мајсторско дело во кое се исмејува петроградската [[бирократија]].<ref>Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд: Просвета, 1966, стр. XLVIII-LII.</ref>
 
==Осврт кон делото==
Ред 37:
Иако на прв поглед, „Мртви души“ претставува неверојатна и смешна [[анегдота]], во романот Гогољ успеал аналитички да ја открие суштината на руското општество во [[19 век]]. Бидејќи неговата сложена и оригинална замисла не можела да се изрази во конценционалната форма на романот, Гогољ ја прифатил формата на поемата, која му овозможила да ги спои реализмот и лирските теми, т.е. прозата со поезијата. Оттука, во речиси сите свои статии, критичарот Белински го нарекува Гогољ поет. Инаку, уметничката структура на „Мртви души“ ја сочинуваат три меѓусебно поврзани круга: спахиите, градските службеници и животниот пат на Чичиков при што во делото нема главни и споредни јунаци. Поради тоа, своевремено, некои критичари сметале дека „Мртви души“ претставува циклус на различни [[Новела|новели]], но органската целокупност на делото го докажува спротивното.<ref name="ReferenceA"/>
 
Во своето дело „За развојот на револуционерните идеи во Русија“, критичарот [[Херцен]] пишува дека објавувањето на „Мртви души“ бил настан што „ја потресол целата Русија“, предивикувајќи поделба на два табора: едни го фалеле, а други го критикувале делото. Уште кога Гогољ му прочитал на Пушкин некои од почетните делови од романот, Пушкин воодушевено рекол: „Боже, колку е тажна нашата Русија!“. Осврнувајќи се на „Мртви души“, Херцен вели: Гогољевата поезија е крик на ужасот и срамот што ги испушта човекот, понижен од нискиот живот, кога наеднаш ќе го забележи во огледалото своето скотско лице.“ Поетот Н. Јозиков, во едно писмо од 1 декември 1842, го изразува восхитот со зборовите: „Каков талент! Многумина пред Гогољ го опишувале изживувањето на руското благородништво, но никој како него не го налутил толку“. Од друга страна, реакционерните критичари, како Булгарин, Сенковски и Полевој, тврделе дека „Мртви души“ се „извитоперена карикатура“ и „клеветење“ на Русија; списанието „[[Северна пчела]]“ го обвинувала дека насликал „некаков посебен свет на никаквеци што никогаш не постоел и ниту можел да постои“; а умерените критичари му префрлале за едностраното и тенденциозно прикажување на стварноста; а најдалеку отишол Ф. И. Толстој-Американец кој на еден собир изјавил дека „Гогољ е непријател на Русија и треба во синџири да се спроведе во Сибир.“<ref name="ReferenceB"/><ref>Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд: Просвета, 1966, стр. XLVI-XLVII.</ref>
 
Веќе во првите два месеца по појавувањето на книгата, за неа се појавиле бројни критички статии. На пример, во статијата насловена „Неколку зборови за Гогољевата поема ''Доживувањето на Чичиков или Мртви души''“, К. С. Аксаков го застапувал мислењето дека поемата, со својата содржина, карактер и поетска форма, претставува омаловажување на [[Хомер]]овиот класичен [[еп]] и негово претворање во роман. На тие обвинувања остро одговорил Белински, докажувајќи дека споредбата со Хомер е бесмислена и дека делото на Гогољ е „еп на нашето време“ во којшто се „огледува современиот живот“. Навреден од критиката, Аксаков одговорил со антикритика во списанието „Московјанин“, а нему му одговорил Белински со статијата „Објаснение на објаснението по повод Гогољевиот еп ''Мртви души''“, објавена во 11. тетратка на списанието „Татковински записи“. Повторно, Белински докажувал дека нема никаква сличност меѓу Гогољ и Хомер, зашто патосот на „[[Илијада]]та“ ја афирмира стварноста, додека патосот на „Мртвите души“ ја негира стварноста. Според Белински, единствената сличност меѓу Гогољ и Хомер е тоа што двајцата се поети. Од друга страна, мислењата на Аксаков ги поддржале критичарите Самарин и Хомјаков.<ref>Марија Стојиљковић, „Објашњења“, во: Николај В. Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд и Цетиње: Народна књига и Обод, 1970, стр. 435.</ref> На тој начин се развила голема полемика за книгата, што го навело Белински да заклучи дека критичките расправи околу „Мртви души“, всушност, се резултат на судирот меѓу старите и новите принципи, т.е. дека тие се битка на две епохи.<ref>Марија Стојиљковић, „Објашњења“, во: Николај В. Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд и Цетиње: Народна књига и Обод, 1970, стр. 434-435.</ref> Во својата статија, Белински ги оценил „Мртви души“ како „дело што стои над сè што било и што е во руската книжевност, зашто во нив длабочината на живата општествена идеја е неразделно поврзана со бескрајно уметничките убавини на сликите.“ Иако романот е исполнет со смешни ситуации, смеата нема централно место во него и Белински воопшто не го сметал за [[хумор]]истично дело. така, тој пишува: „Ние не гледаме во неа ништо шеговито... сè во неа е сериозно, мирно, вистинито и длабоко.“<ref>Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд: Просвета, 1966, стр. XLVII-XLVIII.</ref> Инаку, самиот Гогољ бил незадоволен од брошурата на К. С. Аксаков и во писмото до С. П. Аксаков изразил жалење што авторот на статијата не ја сфатил поемата и дека го „посрамотил пред светот“, изразувајќи надеж дека критиката ќе успее точно да ја определи вредноста на поемата. Во тој поглед, Белински бил првиот критичар кој ја сфатил вредноста на „Мртви души“, а подоцна нему му се придружиле и Херцен и [[Николај Чернишевски|Чернишевски]], кој во едно писмо до Гогољ истакнал дека тој е основач на „сатиричниот или поточно критичкиот правец во рускиот [[реализам]]“.<ref>Марија Стојиљковић, „Објашњења“, во: Николај В. Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд и Цетиње: Народна књига и Обод, 1970, стр. 435-436.</ref>