Лујџи Пирандело: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Исправка на датумски формат, replaced: mf=y → df=y (2)
с →‎Драмски дела: Правописна исправка, replaced: Комнен → Комнин
Ред 26:
==Драмски дела==
Вториот дел од својот живот Пирандело речиси целсно му го посветил на драмското творештво: од вкупно 44 драмски дела, 38 ги напишал во периодот по 1916 година. Притоа, голем дел од драмските дела се засновани врз неговите новели. Така, во 28 драми основната содржина може да се најде во неговите новели.<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 150.</ref>
Во популаризацијата на драмското творештво на Пирандело голем придонес дал Бенжамен Кремје, кој заедно со својата сопруга Мари-Ан КомненКомнин (''Marie-Anne Comnène'') ги превел сите негови драми и раскази на [[француски јазик]].<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 147.</ref> Пирандело го превртил традиционалниот однос на театарот и стварноста. Во драмата „[[Шест лица го бараат писателот]]“, сцената се претвора во место каде се случува вистинскиот живот. Како [[Марсел Пруст]], така и Пирандело тврди дека [[уметност]]а е повредна од животот, и дека смислата на животот постои само во уметноста.
 
Во предговорот на „Шест лица го бараат писателот“, Пирандело се опишува себеси како писател-[[философ]] - оној кому не му е доволно да ги опише ликовите и настаните само колку да ги опише, туку оној кој има подлабока духовна потреба, така што не признаваат ликови и настани коишто немаат посебна животна смисла што има дава универзално значење. Притоа тој вели дека ја мрази [[Симболизам|симболичната]] [[уметност]] во која она што е прикажано ја губи спонтаноста претворајќи се во инструмент, [[алегорија]]. Таквиот симболизам претставува идеја која сака да биде слика, наместо да биде обратно, т.е. сликата, која мора да остане жива и слободна во целиот свој исказ, треба да ја содржи смислата што дава вредност.<ref>L. P., „Predgovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008, стр. 7.</ref>