Масакр во Ваташа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Настан: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирање вести → наведени вести using AWB
с Исправка на наслов, replaced: Моклиште (Кавадаречко) → Моклиште (село) (2)
Ред 1:
[[Податотека:Masakr vo Vatasa, 1943.jpg|thumb|250px|Стреланите младинци од селото Ваташа, Тиквешко.]]
[[Податотека:Пренесување на останките на Ваташките деца.jpg|thumb|250px|десно|Пренесување на коските на стреланите ваташки младинци.]]
'''Масакр во Ваташа''' — крвав настан кој се случил на [[16 јуни]] [[1943]] година<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 249.</ref> кога биле стрелани 12 младинци од селото [[Ваташа]] во близина на [[Моклиште (Кавадаречкосело)|Моклиште]] кај месноста „Чаир“, на 2 км оддалеченост од Ваташа. Колежот го извршила бугарската воjска и полициски одреди, под команда на полковник [[Љубен Апостолов]], командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија. По потекло Апостолов бил од [[Крива Паланка]].<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 75</ref> По тоа време од 40 до 60% од војниците во полковите на Петтата армија биле локални регрутирани младинци,<ref>[http://rdsc.md.government.bg/BG/About/VoennaIstoria/3_08.php Воена Академиja "Г. С. Раковски" - Учество на Бугарија во Втората светска војна (Буг.).]</ref> исто како и голем дел од полицијата, која била составена од месни кадри.<ref>[http://macedonia-history.blogspot.com/2007/08/1941-1944-1941-1944.html Пламен Димитров, „Бугарската администрација во Вардарска Македонија“, стр. 190-191.]</ref>
 
== Настан ==
Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, од 7 до 16 јуни 1943 година, презема офанзива за уништување на партизаните и се нафрла и на мирното население. Кулминација на погромите над цивилното население е масовното стрелање во Ваташа, на 16 јуни 1943 година, кога на роденденот на бугарскиот престолонаследник [[Симеон ІІ]] се убиени 12 младинци. Уште вечерта на 15 јуни низ Ваташа се разнесла веста дека утредента никој не треба да оди на работа, зашто е роденден на престолонаследникот и во Кавадарци ќе се одржува парада. Кога се разденило на 16 јуни, селото било блокирано од војска и полиција. Никој не можел да излезе, а оние што тргнувале на работа ги враќале назад.
 
Во раните утрински часови во селската кафеана во Ваташа биле приведени и сослушани неколкумина младинци и девојки. Тие биле скоевци, кои кришум им помагале на партизаните, но биле накодошени. Според Стева Илиева од Кавадарци: „Кметот нè собираше од куќите со готов список, сите нè имаше по име и презиме.“ Во кафеана тие се испрашувани и тепани, а потоа се терани да признаат дека биле сите заедно со партизаните на [[1 мај]] во месноста [[Моклиште (Кавадаречкосело)|Моклиште]] и дека биле нивни помошници. На крајот на полицискиот распит се ослободени еден младинец и една девојка. Останатите 12 младинци и 4 девојки остануваат со обвинение за врска со партизаните и претстојно бегство во планината. Откако тие ги поднеле сите тортури и измачувања, полиција и војска ги одвеле пешки во колона кон Моклиште.<ref>{{наведени вести|url=http://www.utrinski.mk/?ItemID=A463375A730BB94DB83E8689C9419D03|title= Годишнина од убиството на ваташките младинци|date=понеделник, 18 јуни 2007|publisher=Утрински Весник|accessdate=2016-08-17}}</ref>
 
Додека ги воделе младинците, на неколку места ги запирале. Веројатно се премислувале каде да ги стрелаат, додека ним им велеле дека ги носат за да ги фотографираат. Најстариот од сите, Васо Хаџиjорданов насетил дека нешто лошо се подготвува, па кај месноста „Чаир“ каде биле запрени, почнал да бега, а по него побегнале и други. Тогаш била издадена наредбата 'оган'. Дванаесетте младинци биле застрелани, иако сите војници не сакале да пукаат. Четирите девојки што исто така биле уапсени — Мара Хаџи Јорданова, Стева Ампова, Павлина Касапинова и Ката Ицева — ги тргнале настрана.<ref>[https://documents-mk.blogspot.com/2012/06/blog-post_16.html Дарко Јаневски, „Ги лажеа дека ќе ги сликаат за полесно да ги убијат“], „Нова Македонија“.</ref> Полицискиот началник Петко Опреков се спротивставил на поручникот Костов кога сакал да ги убие и девојките, а капетан Борис Жеглов го поддржувал Опреков па така тие биле спасени.<ref>[http://sande.blog.bg/izkustvo/2011/10/09/makedonski-reportaji-zaplakalo-e-selo-vatasha.832296 Македонски репортажи - Заплакало е село Ваташа.]</ref> Војниците ги вратиле девојките назад во селото и издале наредба убиените младинци да не се носат назад, туку да се закопаат на лице место.