Тадеуш Ружевич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Надворешни врски: дополнување
Ред 99:
===Издание на „Култура“ од 1965 година===
Во 1965 година, издавачката куќа „[[Култура (издавачка куќа)|Култура]]“ ја објавила збирката „Поезија (избор)“ во рамките на едицијата „Современа лирика“, а изборот и препевот од полски јазик го направил [[Ацо Алексиев]], кој е автор и на поговорот со наслов „Во името на човекот и за човекот – Неколку белешки врз творештвото на Тадеуш Ружевич“. Во збирката се застапени следниве песни: „Преживеав“, „Јаболко“, „Птичка килибарна“, „Оплакување“ и „од бележникот“ од збирката „Неспокој“ (1945-1946); „Туѓинци“, „Ѕид“, „Враќање“ и „Скаменето вообразување“ од збирката „Црвената нараквица“ (1947-1948); „Крила и раце“ и „Клање на децата“ од збирката „Пет поеми“ (1950); „На заминување на поетот“ од збирката „Рамнина“ (1954); „Татко“, „Кого го нема“, „Зелените ружи на поетот“, „Успеало“, „Вртелешка“ и Блудниот син“ од збирката „Сребрениот клас“ (1955); „Глинени птички“ и Видоизменувања“ од збирката „Насмевки“ (1955); „Прво сеќавање“, „Ѕид“, „Одврзани раце“, „Глас“, „Чекам“, „Глупа шега“, и „Можеби тоа не беше дом“ од збирката „Отворена поема“ (1956); „Ти знаеш кој сум јас“, „Оставете нè“ и „Во средиштето на животот“ од збирката „Завеси“ (1957); „Смеа“ и „Претоварен со задолженија“ од збирката „Лице“ (1964). Типизацијата, нацртот на обвивката и на корицата е дело на [[Михаило Писањук]], технички уредник бил Христо Христовски, коректурата ја направиле Елена Павлова и Ружица Димишковска. Книгата е отпечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје, во тираж од 2 000 примероци.<ref>Ацо Алексиев, „Во името на човекот и за човекот – Неколку белешки врз творештвото на Тадеуш Ружевич“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965.</ref>
 
 
== Надворешни врски ==