Костинци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
== Историја ==
[[Податотека:Sleeve-Kostinci.jpg|мини|лево|160п|Ракав „со една вртешка“ од женска празнична кошула. Везен со волна во бои: „аловна“, „ѓувезна“, црна и жолта. С. Костинци, Прилепско Поле, крај на XIX век.]]
Селото Костинци за првпат во пишаните историски документи се споменува во 1335 година под името ''Костино'', кога кралот [[Стефан Душан]] го приложил на [[Манастир Трескавец|манастирот Трескавец]].<ref name=jovantrifunoski>{{наведена книга| last = Ф. Трифуноски| first = Јован| title = Битољско-прилепска котлина| language=sr| publisher = Српска академија наука и уметности| year = 1998 |location= Београд | pages = 373}}</ref>. Потврдено е дека овој запис се однесува на денешното Костинци.
 
Местноста Манастириште се наоѓа северозападно од Костинци крај железничката пруга каде што на површината на земјата се гледаат „бигори, тули, камења со староземски слики“ (една плоча со ликови „сурати“ била откопана во 1933). Дел од овие старини биле земени од бугарската војска во [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. За време на [[Прва светска војна|Првата светска војна]] на ова место се појавил снажен извор и тогаш селаните таму имале бавчи. Силното врело пресушило во 1918 година, а повторно почнало да дава вода од 1941 до 1944 година. Таму е и местноста Капина каде се пронајдени стари гробови обложени со земјани плочи во внатрешноста. Покрај Манастириште еден потег се нарекува Дуња за кој селаните велат дека таму се наоѓало старото село Костинци. Бидејќи, местото било на сред патишта, селото било поместено на денешната местоположба. Тогаш пропаднал и храмот на Манастириште. Не се знае кога точно е основано денешното село Костинци. Најстариот род во него се Ѓерекарци. Основачот на тој род живеел кон крајот на XVIII век. Потоа се доселиле Јанкуловци, Џиковци и други македонски родови. Меѓу народот се говори дека земјата на која се сегашните куќи била „ниско место и во него стоела вода“.