Ким Мехмети: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Романсиер → Романописец
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Ким Мехмети''' ([[Грчец]], [[Скопје]], [[10 декември]] [[1955]] - ). РомансиерРоманописец, раскажувач, есеист, полемичар, публицист и преведувач кој објавува на мајчин – [[албански јазик]], и на [[македонски јазик]].
 
Еден е од основачите на неделникот на албански јазик „Лоби„, кој излегуваше во Скопје од 2001 – 2006 година. Бил уредник на списанието за култура на албански јазик „Јехона„ (Скопје) како и уредник за издавачката дејност при НИК „Флака е велазеримит (1991-1992). Во Институтот Отворено Општестсво – Македонија, работел како координатор за издавачка дејност. Потоа работел како извршен директор на „Центарот за мултикултурно разбирање и соработка“ (1997-2003) во Скопје, каде што бил креатор на многу граѓански иницијативи за афирмирање на мултиетничките и мултикултурните концепти. Од 2003 – 2004, бил Заменик-генерален директор на МТВ, каде поднесе оставка заради неслагања со партизацијата на овој јавен информативен сервис. Ким Мехмети е иницијатор на повеќе граѓански иницијативи во Македонија и во регионот. Член е на повеќе совети на регионални граѓански организации. Од 1994 – 2004 бил главен и одговорен уредник на балканската Алтернативна информативна мрежа (АИМ) за Македеонија и координатор на истата за Јужен Балкан. Сега е Претседател на Граѓанското движење „Поинаку“ која се залага за афирмација на демократските вредности и заштита на човековите права.
 
Ким Мехмети пишува на албански и на македонски јазик. Тој е типичен билингвален творец, и несомнено е дека денес претставува еден од најафирмираните албански писатели, и истовремено еден од најинтересните претставници на новиот бран во современата македонска проза. Своите први литературни творби ги објавил во почетокот на осумдесетите години, во Хрватска. Мехмети е роден раскажувач, тој нема склоности кон тезите, туку се предава на ткаењето на раскажувачката материја. Затоа неговата проза е исклучително привлечна. Читателот едноставно се вовлекува во заводливата игра на одгатнување на тоа што го испретплетува неговата жива имагинација во распонот меѓу фантазмагоријата на вистинското и реалноста на имагинарното. Судбината, како мерило на животот, битно го означува сето негово прозно творештво.
 
Неговите творби се преведени на германски, англиски, француски, турски, хрватски и други јазици. Застапен е во повеќе антологии.
Ред 52:
== Надворешни врски ==
* [http://www.kmehmeti.com Официјaлна wеб страница на Ким Мехмети]
* [http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=331]
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Македонски писатели]]
[[Категорија:Македонски Албанци]]
 
 
 
[[Категорија:Луѓе од Скопје]]
 
[[Категорија:Грчец]]