Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Улогата на Мара во Септемвриските егзекуции: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
с →‎Политички, филозофски и медицински трудови: Правописна исправка, replaced: Бервик → Берик
Ред 26:
 
== Политички, филозофски и медицински трудови ==
Околу 1770 година, Мара се преселува во Њукасл. Неговото прво политичко дело, ''Chains of Slavery'' (''Синџири на ропството''), инспирирано од вон-парламентарните активности на пратеникот, лишен од граѓански права, а подоцна и градоначалник на Лондон, Џон Вилкс, најверојатно е напишано во тамошната централна библиотека. Според личното описливо раскажување на Мара, тој живеел на црно кафе три месеци, за време на пишувањето на ова дело, спиел само два часа навечер, а потоа, по завршувањето, спиел цврсто тринаесет дена по ред. Тој му го дава поднасловот, „Дело во кое се посочуваат тајните и злобните обиди на кнезовите да ја уништат слободата, и страшните сцени на деспотизмот обелоденети“. Ова дело му заработило почесно членство во патриотските друштва на Бервик-апон-Берик на Твид, Карлајл и Њукасл. Библиотеката на книжевното и филозофско друштво во Њукасл поседува копија, а Службата за архиви на Тајн и Вир поседува три копии презентирани пред различни еснафи на Њукасл.
 
Мара го објавува „Филозофски есеј за човекот“ во 1773 година и политичкото теоретско дело „Синџири на ропството“ во 1774 година. Острата критика на Волтер за есејот „De l’Homme“ (проширен превод, објавен во 1775–76), делумно во одбрана на неговиот штитеник Хелвециус, го засили растечкото чувство на Мара за проширување на јазот меѓу филозофите, групирани околу Волтер од една страна и нивните „противници“, неформално групирани околу Русо од друга страна.