Црвена пирамида: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга (3)
Ред 11:
== Изградба ==
[[Податотека:Red Pyramid Dhashur.jpg|мини|десно|180п|Изометриски план и скици на пирамидата]]
Црвената пирамида била третата пирамида изградена од страна на фараонот Снеферу и е сместена околу 1 км северно од [[Свиткана пирамида|Свитканата пирамида]]. Нејзиниот наклон од 43 степени е ист како горниот дел на Свитканата пирамида, што ѝ дава забележително пособран изглед во споредба со останатите египетски пирамиди со слична големина. Изградбата се верува дека започнала за време на 30. година од владеењето на Снеферу. Египтолозите не се согласни во врска со времетраењето на изградбата. Врз основа на камени знаци пронајдени во различни фази од изградбата, [[Рајнер Штаделман]] проценува дека времето потребно за нејзина изградба било околу 17 години, додека [[Џон Ромер]] со помош на графити претпоставува дека изградбата траела 10 години и 7 месеци.<ref>{{citeНаведена bookкнига|title=The Great Pyramid: Ancient Egypt Revisited|first=John|last=Romer|year=2007|isbn=978-0-521-87166-2|publisher=Cambridge University Press, Cambridge|page=71}}</ref>
 
Археолозите шпекулираат дека обликот на пирамидата можеби е плод на инженерските проблеми кои настанале при изградбата на двете претходни пирамиди на Снеферу. Првата од овие — позната како [[Медум]] — се срушила во античкиот период, додека втората — позната како [[Свиткана пирамида]] — има агол на наклон кој значително се променил од 54 на 43 степени за време на изградбата. Некои археолози сметаат дека пирамидата во Медум бил првиот обид за изградба на пирамида со рамни страни и дека е можно истата да се срушила додека изградбата на Свитканата пирамида била започната. Свитканата пирамида пак веројатно уште тогаш покажувала знаци на нестабилност, што може да се заклучи и од потпордните дрвени даски сместени во нејзината внатрешност. Како последица на тоа дошло до свиткување на оваа пирамида и подоцна била започната изградбата на Црвената пирамида со наклон кој се знаело дека е помалку склон кон нестабилност и со тоа на рушење.<ref>{{citeНаведена bookкнига|title=The Riddle of the Pyramids|first=Kurt|last=Mendelssohn|year=1974|isbn=978-0-500-05015-6|publisher=Praeger}}</ref>
 
== Димензии ==
Пирамидата е висока 105 м.<ref>* {{citeНаведена bookкнига|title=The Complete Pyramids|first=Mark|last=Lehner|year=1997|isbn=0-500-05084-8|publisher=Thames and Husdon|page=104}}</ref> Страните на основата се со должина од 220 м, а вкупната зафатнина изнесува 1.694.000 м<sup>3</sup>.
 
== Галерија ==