Карлов мост: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Се до → Сè до
с →‎XIX век: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: Cite book → Наведена книга
Ред 44:
[[File:Prague 07-2016 View from Petrinska Tower img2.jpg|thumb|Мостот од видиковец]]
 
Во текот на историјата, Карловиот мост повеќепати страдал во непогоди и посведочил важни историски настани. Според едно предание, изградбата на мостот почнала во 5:31 изутрина на 9 јули 1357 г., а првиот камен го поставил самиот Карло IV. Царот придавал големо значење на времето на отпочнување бидејќи бил убеден следбеник на [[нумерологија]]та и сметал дека [[палиндром]]от кој го образуваат броевите (1357 9, 7 5:31) ќе му донесе особена сила.<ref>{{наведена книга|title=Eastern Europe : an introduction to the people, lands, and culture|last=Frucht|first=Richard|publisher=ABC-CLIO|year=2005|isbn=9781576078013|volume=1|location=Santa Barbara, CA|pages=251}}</ref> Мостот е завршен во 1402г. по 45 години изградба.<ref>{{CiteНаведена bookкнига|title=Prague & the Czech Republic|last=Brook|first=Stephen|publisher=National Geographic|year=2010|isbn=|location=Washington, D.C.|pages=98|oclc=833442607}}</ref> Во 1432 г. се случила [[поплава]] која оштетила три столба. Во 1496 г. третиот лак (сметајќи од страната на Стариот град) попуштил поради делумното потонување на еден столб поткопан од водата. Овие поправки се завршени во 1503 г. Една година по [[Битка на Бела Планина|Битката на Бела Планина]], на 21 јуни 1621 г. се погубени 27-те водачи на бунтот против [[Хабсбуршка династија|Хабсбурзите]], а нивните глави се закачени на Староградскиот мостобран како предупредување за населението. Кон крајот на [[Триесетгодишна војна|Триесетгодишната војна]] во 1648 г. западниот брег на В’лтава подлегнал под [[шведска]] окупација; во обидот да стасаат до Стариот град, окупаторските сили стапиле во жестока борба со бранителите на самиот мост. Во текот на борбите, Староградскиот мостобран претрпел голема штета, и подоцна градските власти биле принудени да ги отстранат речиси сите готски украси поради големата оштетеност. Кон крајот на XVII и почетокот на XVIII век мостот го добил денешниот изглед со поставување на две низи барокни статуи. Во 1784 г. мостот е погоден од голема поплава, во која значајно настрадале пет столба; иако сводовите не пропаднале, извесно време сообраќајот бил значајно намален.
 
Првобитното скалиште до островот Кампа во 1844 г. е заменето со ново. Следната година мостот го погодила уште една поплава, но за среќа немало значајни оштетувања. Во револуцијата од 1848 г. Карловиот мост бил поштеден од топовските канонади, со исклучок на неколку статуи. Во 1866 г. на балустрадата се поставени певдоготски газиени ламби, кои подоцна се заменети со електрични светилки. Во 1870-тите по мостот почнал да сообраќа првиот редовен запрежен [[автобус|омнибус]], потоа заменет со коњски трамвај.<ref name=Main /> Од 1874 до 1883 г. е извршена темелна реставрација на мостобраните.