Разлика помеѓу преработките на „Демократско-републиканска партија“

с
→‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга
с (→‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница (2))
с (→‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга)
 
„[[Анти-администрациска партија|Анти-администрациската]]“ фракција одржала таен состанок во главниот град ([[Филаделфија]]) со цел да се спротивстави на финансиските планови на Хамилтон. Џеферсон не ги признавал плановите тврдејќи дека тие водат кон монархија и се субверзивни кон републиканството. На Џеферсон му била потребна партија на национално ниво со цел да ги предизвика федералистите на чело со Хамилтон кои имале поддршка во поголемите градови. Надворешната политика била причината за најголемите спротивставувања од страна на републиканците во 1794 и 1795 година, особено кога се склучил [[договор на Џеј|договорот на Џеј]] со Велика Британија, која тогаш била во [[Француски револуционерни војни|војна со Франција]]. Републиканците ја сметале Франција за подемократска по револуцијата, додека Британија ја сметале за омразената монархија. Партијата ги сметала многуте од мерките на Хамилтон како неуставни, особено [[Прва банка на САД|националната банка]].
 
Партијата имала најголема поддршка во јужниот дел на САД, а најмала на северниот дел. Се залагала за [[права за сојузните држави]] кои биле наведени во „Принципите од 1798“ и артикулирани во [[Резолуции на Кентаки и Вирџинија|резолуциите на Кентаки и Вирџинија]] на кои би им било овозможено на сојузните држави да поништуваат државен односно федерален закон.<ref>{{citeНаведена bookкнига|author=Susan Dunn|title=Jefferson's Second Revolution: The Election of 1800 and the Triumph of Republicanism|url=https://books.google.com/books?id=W5MfcSfA_eUC&pg=PA279|year=2004|publisher=Houghton Mifflin Harcourt|page=279|isbn=0618131647}}</ref> Партијата исто така се залагала за правата на [[јоман]]ските фармери. Републиканците биле длабоко посветени на принципите на [[Републиканство во САД|републиканството]], за кој тие забележувале дека бил загрозен со монархистичките тенденции на хамилтоновите федералисти. Партијата стапила на власт во 1801 со новоизбраниот претседател Џеферсон на [[Претседателски избори во САД, 1800|изборите во 1800]].
 
Партијата ги избирала своите кандидати за претседател на јавно гласање помеѓу членовите на Конгресот. Тука биле вклучени Томас Џеферсон (номиниран во 1796, [[Претседателски избори во САД, 1800|избран во 1800-01]], 1804), Џејмс Медисон (1808 и 1812). По 1824 системот на јавно гласање повеќе не се употребувал. По 1800, партијата доминирала во Конгресот како и повеќе гувернерски места во сојузните држави надвор од [[Нова Англија]]. Во 1824, партијата била поделена на четири различни фракции и недостасувала врска која би ги обединила по распадот на [[Прва партија (периодизација)|системот на прва партија]]. Појавувањето на системот на [[Втора партија (периодизација)|втора партија]] во 1830-те ги обединила поранешните фракции. Една од тие фракции предводена од [[Ендру Џексон]] и [[Мартин ван Бјурен]] се претворила во новата [[Демократска партија (САД)|Демократска партија]] во 1828, додека фракцијата од партијата предводена од [[Џон Квинси Адамс]] и [[Хенри Клеј]] ја формирала [[Национална републиканска партија (САД)|Националната републиканска партија]] во 1828, која што подоцна прераснала во [[Виговска партија (САД)|Виговската партија]].<ref>Paul Kleppner, et. al. ''The Evolution of American Electoral Systems'' (1981), ch 3</ref>