Adobe Photoshop: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница (44)
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга (5)
Ред 91:
 
====Маркирање====
Алатката „''marquee''“ може да селектира само еден ред, само една колона, правоаголно или елиптично.<ref name="cs3userguide"/> Селектираниот дел може да се уредува без да се наштети на останатиот дел од сликата. Оваа алатка може и да ја сече сликата. Таа овозможува подобар преглед. За разлика од алатката „''crop''“, алатката „marquee“ остава простор за дополнителни приспособувања на селектираниот дел пред сечење. Единствената алатка „''marquee''“ кај којашто сечењето не е можно е елиптичната. Иако со алатките „single row marquee “ и „single column marquee“ може да се сече, тие не се идеални бидејќи можат да сечат само линија. Алатката „''rectangular marquee''“ е подобрата опција. Откако ќе се избере алатката, со нејзино влечење низ посакуваниот дел, тој ќе се селектира. Селектираниот дел ќе се нагласи со точкасти линии, познати како „marching ants”. Овие точкасти линии се наречени „marching ants” (мрави што лазат) бидејќи испрекинатото движење изгледа како мрави да лазат околу селектираниот дел. Лентата за алатки ги дава овие поставки за да се постигне одредена димензија или размер. Пред да се селектира дел, мора да се подесат посакуваната димензија и размер со усогласување на ширината и висината. Секакви промени на боја, филтери, положба и сл. треба да се направат пред сечењето. За да се исече селектираното, корисникот треба да оди на табулаторот за слики и да избере „crop“.<ref>{{citeНаведена bookкнига|last=Brundage|first=Barbara|title=Photoshop Elements 11: The Missing Manual|year=2012|publisher=O'Reilly Media ,Inc.|location=Sebastopol, CA|isbn=9781449316136|pages=90–91}}</ref>
 
====Ласо (анг. lasso)====
Алатката „''lasso''“ е слична со алатката „marquee“ , меѓутоа, корисникот може да направи соодветно селектирање со цртање со слободна рака.<ref name="cs3userguide"/> Кај алатката „lasso“ има три оции – „regular“, „polygonal“, и „magnetic“. Алатката „regular lasso“ му овозможува на корисникот да црта. „Photoshop“ завршува со селектирање откако ќе се пушти копчето на глувчето. Корисникот може да заврши со селектирањето со поврзување на крајната точка со почетната точка. Појавувањето на „marching ants“ ќе покаже дали е направено селектирање. Алатката „polygonal lasso“ ќе црта само прави линии, што е идеален избор за слики со многу прави линии. За разлика од алатката „regular lasso“, корисникот постојано треба да клика околу сликата за да ја исцрта формата. За да се заврши селектирањето, корисникот мора да ги поврзе крајната точка и почетната точка, исто како и кај алатката „regular lasso“. Алатката „magnetic lasso“ се смета за паметна алатка. Може да го прави она што го прават другите две алатки, но може и да ѓи пронаоѓа рабовите на сликата откако корисникот ќе избере почетна точка. Пронаоѓањето го врши со помош на анализирање на пикселите на бојата кога показникот се движи на посакуваната површина. Пикселот е најмалиот елемент на една слика. Завршувањето на селекцијата е иста со останатите две алатки, по што откако ќе се направи селецијата треба да се појават „marching ants“.<ref>{{citeНаведена bookкнига|last=Snider|first=Lesa|title=Photoshop CS6: The Missing Manual|year=2012|publisher=O'Reilly Media, Inc.|location=Sebastopol, CA|isbn=978-1-4493-1615-0|pages=165–167}}</ref>
 
====Брзо селектирање (анг. Quick Selection)====
Алатката „''quick selection''“ избира површини според рабовите, слично како алатката „''magnetic lasso''“. Разликата меѓу оваа алатка и алатката „''lasso''“ е тоа што тука нема почетна и крајна точка. Бидејќи нема почетна и крајна точка, селектираниот дел треба да се зголемува што е можно повеќе без да се започне одново. Со доведување на показникот до посакуваната површина, алатката „''quick selection''“ ѓи пронаоѓа рабовите на сликата. Појавувањето на „marching ants“ му помага на корисникот да дознае што било селектирано во моментот. Штом корисникот е готов, селектираниот дел може да се уредува без да се влијае врз останатиот дел од сликата. Една од карактеристиките што ја прави оваа алатка особено важна за корисникот е тоа што копчето „SHIFT“ нема да биде потребно за да се прошири селектираното. По правило, на селектираното треба дополнително да му се клика со глувчето, наместо да се почне одново.<ref>{{citeНаведена bookкнига|last=McClelland|first=Deke|title=Adobe Photoshop CS5 one-on-one|year=2010|publisher=O'Reilly Media, Inc.|location=Sebastopol, CA|isbn=9780596807979|page=80}}</ref>
 
====Магично стапче (анг. Magic Wand)====
Алатката „''magic wand''“ селектира делови според пиксели. Корисникот треба да кликне само еднаш и оваа алатка ќе ги најде пикселите што се многу слични еден со друг. Ако од лентата со алатки се избере алатката „''eyedropper''“, тогаш „magic wand“ може да ја одреди вредноста потребна да се оценат пикселите. Ова се базира на поставки со испитана димензија кај алатката „''eyedropper''“. Кога на сликата треба да се кликне повеќе пати, оваа алатка не врши никаква работа. Корисникот мора да одлучи кои поставки да ги користи или дали сликата е соодветна за оваа алатка.<ref>{{citeНаведена bookкнига|last=Grey|first=Tim|title=Photoshop CS4 Workflow: The Digital Photographer's Guide|year=2009|publisher=Wiley Publishing, Inc.|location=Indianopolis, Indiana|isbn=9780470381281|page=244}}</ref>
 
====Бришач (анг. Eraser)====
Алатката „''eraser''“ ја брише содржината која се заснова на активниот слој. Ако корисникот е на слојот со текст, тогаш секој текст околу кој е повлечена алатката ќе се избрише. Алатката „eraser“ пикселите ќе ги направи проѕирни, освен ако не е селектиран слојот на позадината. Димензијата и стилот на алатката „eraser“ може да се избере во лентата со опции. Оваа алатка е единствена заради тоа што може да поприма форма на сликарска четка и молив. Покрај обичната алатка „eraser“, достапни се уште две опции-„background eraser“ и „magic eraser“. Алатката „''background eraser''“ го брише секој дел од сликата што се наоѓа на работ на предметот. Оваа алатка често се користи за да се отстранат предмети од позадината. Алатката „''magic eraser''“ брише според слични обоени пиксели. Многу е слична со алатката „''magic wand''“. Оваа алатка е совршена за бришење површини со иста боја или тон која е контрастна на останатиот дел од сликата.<ref>{{citeНаведена bookкнига|last=Andrews|first=Philip|title=Adobe Photoshop Elements 5.0 A-Z: Tools and Features Illustrated Ready Reference|year=2007|publisher=Focal Press|location=Burlington, MA|isbn=9780240520612}}</ref>
 
===Уредување видео===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Adobe_Photoshop