Порече во НОБ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с додадена Категорија:Порече користејќи го HotCat
Нема опис на уредувањето
 
Ред 1:
[[Податотека:Формирањето на 15--Тата Македонска бригада.jpg|мини|Формирање на Поречката бригада]]
[[Податотека:Spomenik palim borcima NOB, Makedonski Brod.JPG|мини|Споменик на паднатите борци во Македонски Брод]]
'''Порече и Поречието во НОБ''' се вклучиле уште во [[1943]] година. Одиграле клучна улога во борбата против фашизмот, посебно што на територијата на [[Порече]] биле оформени партизански одреди и една бригада.
 
==Позадина==
Местоположбата на Порече, слабите комуникациски врски, и теророт што го спроведувала бугарската војска, влијаеле на тоа во Поречието организираниот отпор да биде слаб. Голем број селани се криеле по шумите, а дел се приклучиле на организацијата предводена од [[Миливоје Трбиќ - Војче|Војче Трбиќ]]. Таа четничка организација единствено дејствувала во тој реон, а селаните се приклучувале не поради идеолошката припадност кон неговата организација, туку заради личната безбедност и желбата за вооружен отпор против бугарската војска.<ref>М-р Цуте Крајчевски: „Порече (1943-1945)“, Скопје, 2017, ДАРМ, стр. 21</ref>
 
Во текот на есента 1943 година, [[Кире ГавриловскиГаврилоски]] дошол во с. [[Ропотово]] со цел да оформи реонски комитет во [[Брод]], а цел на комитетот била да оформи селски револуционерни комитети во селата низ Порече. На 17 септември 1943 година [[Велешки партизански одред „Димитар Влахов“|Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“]] влегол во селото [[Црешнево]], каде командантот [[Стоилко Ивановски-Планински]] одржал говор пред насобраните селани. Со цел да се активира народноослободителното движење во Порече и Азот, окупирани од бугарските сили, [[ГШ на НОВ и ПОМ]] донел решение [[Прва македонско-косовска ударна бригада|Првата македонско-косовска ударна бригада]] да дејствува во правец на овие територии. Така, на 21 ноември 1943 година бригадата тргнала во правец на Порече, но била принудена да се врати на слободната територија.<ref>М-р Цуте Крајчевски: „Порече (1943-1945)“, Скопје, 2017, ДАРМ, стр. 18</ref>
 
За време на [[Февруарски поход|Февруарскиот поход]], во секое село биле добро прифатени партизанските единици кои минувале низ територијата на Порече, а голем број од населението и се приклучило на партизаните.
 
==Во текот на НОБ==
[[Прв поречки партизански одред|Првиот поречки партизански одред]] бил формиран на [[12 мај]] [[1944]] година. Воен командант бил [[Никола Макеларски]], а политички комесар [[Бранислав Шикиќ]].<ref>М-р Цуте Крајчевски: „Порече (1943-1945)“, Скопје, 2017, ДАРМ, стр. 36</ref> На 24 август 1944 година во селото Боровска брезница била формирана [[Петнаесетта македонска ударна бригада|Поречка народноослободителна бригада]], во која влегле борци од четничката единица и борци од [[Прилепска ударна бригада|Прилепската бригада]]. Ноќта на 6 септември 1944 година бригадата учествувала во борби со бугарската војска кај преминот Барабас, а на 7 септември, влегле во [[Македонски Брод|Брод]] без борба. Со борбите на Барабас завршиле борбите за ослободување на Порече, со што била создадена слободна територија речиси по целиот тек на реката [[Треска]], односно цела територија на Порече. По ослободување на Порече и Брод, Поречката бригада на 10 септември 1944 година учествувала во борбите за ослободување на [[Прилеп]], а кон крајот на септември учествувала во разбивање на балистичките сили во реонот на [[Кичевско]]. Најжестоките борби биле водени на 24 и 25 октомври 1944 година на [[Сува Гора]], каде имало 14 загинати, 39 ранети и 16 исчезнати борци.<ref>М-р Цуте Крајчевски: „Порече (1943-1945)“, Скопје, 2017, ДАРМ, стр. 52</ref> Поречани учествувале во акциите за ослободување на [[Кичево]], на 15 и 16 ноември 1944 година, како и [[Гостивар]] и [[Тетово]].
 
Поречани во голем број биле дел од македонските бригади, не само во Поречката бригада, туку и во [[Прва македонско-косовска ударна бригада|Првата македонско-косовска ударна бригада]] и [[Шеста македонска ударна бригада|Шестата македонска ударна бригада]]. Сепак, најголемиот број борци од Порече формациски влегле во составот на [[Петнаесетти македонски корпус|Петнаесеттиот македонски корпус]], кој бил испратен на [[Сремски фронт]].
Ред 20:
{{наводи}}
 
[[Категорија:ИсторијаМакедонија наво МакедонијаНОБ]]
[[Категорија:Порече]]