Разлика помеѓу преработките на „Махмуд II“

Додадени 18 бајти ,  пред 1 година
с
→‎Владеење: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: Стагнација на Отоманското Царство → Застој на Отоманското Царство)
с (→‎Владеење: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга)
Околу обидот за атентат врз Махмуд денеска постојат повеќе верзии. Според една од нив, еден од неговите робови, грузиската девојка по име Чеври ја собирала пепелта кога ја слушнала вревата во Топкапи сарај околу убиството на Селим. Така кога атентаторите се приближувале кон харемските соби каде Махмуд престојувал, таа започнала да фрла со пепел врз бунтовниците каде привремено ги заслепила. Ова му овозможило на Махмуд да побегне преку прозорец и да се искачи на покривот од харемот и влегол во една одаја каде се пресоблекол. Во исто време еден од лидерите на бунтот, Алемдар Мустафа Паша кога го видел мртвото тело на Селим, веднаш го прогласил на Махмуд за нов султан. Девојката која му помогнала на Махмуд била добро наградена и станала главен благајник во харемот како втора најважна функција според хиерархијата на харемот.
 
Денека дел од т.н. Златен пат во харемот е наречен според неа<ref>{{citeНаведена bookкнига | title=The Palace of Topkapi in Istanbul| last=Davis| first=Claire| year=1970| pages=214–217| publisher=Charles Scribner's Sons| location=New York| id=ASIN B000NP64Z2}}</ref>.
 
По крајот на бунтот, везирот ја презел иницијативата за продолжување на реформите кои биле прекината од страна на конзервативните сили во 1807 година. Но набргу везирот бил убиен а Махмуд II привремено се откажал од реформите.