Вилхелм фон Хумболт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
с →‎Образовни Реформи: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга
Ред 18:
Хумболт бил образован дома и никогаш не ги завршил неговите релативно кратки универзитетски студии на универзитетите [[Виадрина Европски Универзитет|Франкфурт (Одер)]] и [[Универзитетот во Готинген]]. Сепак, станал еден од највлијателните лица во германското образование. Всушност, Хумболт планирал да стане Министер за Образование, но не успеал да ја добие позицијата. Прускиот крал побарал од него да го напушти Рим во 1809 и да го води директоратот на образование под [[Фридрих Фердинанд Александар цу Дона-Шлобитен]]. Хумболт не одговорил на барањето неколку недели и повеќе сакал да остане во амбасадата во Рим. Неговата жена не се вратила со него во Прусија; парот се сретнал повторно кога Хумболт дал оставка од позицијата во образование и бил назначен на чело на Амбасадата во Виена.
 
Хумболт вовел стандардизиран систем на јавно образование, од основно образование до средно образование, и го основал Берлинскиот Универзитет. Наметнал стандардизација на државните испити и инспекции и создал посебен оддел во Министерството за да го надгледува и дизајнира наставниот план, учебниците и помагала за учење.<ref>{{citeНаведена bookкнига|last1=Clark|first1=Christopher|title=Iron Kingdom: The Rise and Downfall of Prussia|date=2006|publisher=Penguin Group|location=United States of America|page=332}}</ref>
 
Плановите на Хумболт да го реформира прускиот училиштен систем не биле издадени долго по неговата смрт, заедно со дел од трактатот ‘Теорија на Образование на Човекот’, кој го напишал во околу 1793. Во него, Хумболт тврди дека ‘крајната задача на нашето постоење е да му се даде најцелосната можна содржина на концептот на човештвото во нашата личност […] преку влијаниeто на нашите дела во нашите животи’. Оваа задача ‘може да биде имплементирана само преку врските поставени меѓу нас како поединци и светот околу нас’.