Филип Димкоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
 
== Книжевна кариера ==
Досега ги објавил книгите: [[Најхранливи зборови од детска душа дарови]] (поезија и кратка проза за деца, [[2010]]), [[Божилак на исконот]] (поезија за возрасни, [[2014]]), [[Заедно да растеме]] (поезија за деца, [[2018]]), [[Во градината има само љубов]] (поезија за возрасни, 2018). Книгата „Божилак на исконот“ објавена е на српски и на бугарски јазик [[2016]], книгата „Заедно да растеме“ објавена е на српски [[2019]], а книгата „Во градината има само љубов“, на бугарски јазик (2019).
 
За својата поезија добитник е на неколку награди меѓу кои: „Книжевно перо“ на [[Хрватското книжевно друштво]], за најдобра книга за деца во регионот во бившите југословенски држави за книгата „Заедно да растеме“ ([[Риека]], 2018 година), Плакета „Сима Цуциќ“ на Банатскиот културен центар за српското издание на книгата „Заедно да растеме“ ([[Ново Милошево]], 2019 година), награда [[Млада Струга]] на [[Струшките вечери на поезијата]] [[Струга]], 2010), награда „Си било еднаш едно дрво“ за расказ (Битола-Израел, 2015/16), награди на фестивалите „Мелничките вечери на поезијата“ ([[Мелник]], [[Бугарија]], 2012 и 2016), Белоцветните вишни (Казанлак, Бугарија 2016 и 2017) и „Есенски штурци“ (Извор, Бугарија, 2018).
 
Поезијата му е препеана на петнаесетина јазици и застапена во списанија, зборници и антологии. Се занимава и со водителство и рецитирање. Преведува од српски, од бугарски и од хрватски на македонски јазик.