Туберкулоза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: Cite web → Наведена мрежна страница, cite web → Наведена мрежна страница (2), cite book → Наведен
с →‎Примарна туберкулоза на белите дробови: Јазична исправка, replaced: случаеви → случаи
Ред 68:
=== Примарна туберкулоза на белите дробови ===
 
Кога бацилот на туберкулозата ќе влезе во белите дробови предизвикува мало бронхопнеумонично жариште кое се вика (ГХОН)- Гоново примарно жариште, фокус или афект. Пред да се развие ова примарно жариште се јавуваат промени во соодветните регионални хилусни лимфни жлезди што претставува примарен комплекс (биполарна сенка). Примарната туберкулоза најчесто проаѓа незабележително или пропатена со некарактеристични симптоми: покачена температура, губење на [[апетитот]], [[нерасположение]], слаба [[кашлица]]. Понекогаш се јавуваат промени на [[кожа]]та во вид на erytchema nodosum во подколеницата. Тоа се округли црвенкасти нодули кои постепено се повлекуваат и исчезнуваат за 2-3 недели. Овие нодули не се карактеристични само за туберкулозата туку ги има и кај реуматска треска, сахарозата и др. Може да се јави кератоконјуктивитис во вид на унилатерален [[конјуктивитис]] со фотофобија. Примарното огниште, често не може да се детектира бидејќи е мало или е покриено со срцето, дијафрагмата или со зголемените лимфни жлезди. Кога примарниот комплекс е присутен во целина тогаш на рендгенографијата се гледа така наречена биполарна сенка од примарниот афект, а другиот пол од сенката одговара на хилусната жлезда. Физичкиот наод обично е негативен. Примарните промени обично се залекуваат со калцификација. KB во овие огништа може да остане повеќе години жив и вирулентен. Во помал број случаевислучаи преку различни патишта ([[хематогено]], [[лимфохематогено]], [[бронхогено]]) може да се рашири по целото тело. Обично овие тешки облици се јавуваат кај доенчиња, мали деца и кај лица кај кои има губење на природната отпорност.
Ако туберкулозната [[инфекција]] не станит активна, тоа најчесто ги вклучува белите дробови (во околу 90% од случаите). Симптомите може да вклучуваат болка во градите и продолжување со кашлица и производство на плунка. Околу 25% од луѓето не можат да имаат никакви [[симптоми]] (т.е. остануваат "асимптоматски"). Повремено, луѓето може да испуштаат со плунката крв во мали количини, а во многу ретки случаи, инфекцијата може да еродира во пулмоналната артерија, што резултира со масивно крварење. Туберкулоза може да стане хронична болест и да предизвика големи лузни во горните лобуси на белите дробови. Горните бело дробни лобуси се почесто погодени од туберкулоза од оние кои се наоѓаат долу. Причината за оваа разлика не е целосно јасна. Тоа може да се должи или на подобар проток на воздух, или за сиромашните лимфни дренажа во рамките на горните [[бели дробови]].